Стојаноски: Ние како членови на Анкетната, подготвени сме да работиме и 24 часа, со цел постапката да е темелна

December 5, 2025
1 min read

Бојан Стојаноски, пратеник во Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, гостуваше во емисијата „Анализа“ на 24 телевизија, каде се осврна на темата за Анкетна комисија која како што вели, е формирана да ги разгледа сите трагедии. Тој истакна дека комисијата ќе трае 45 дена и дополнителни 30 за изготвување извештај, при што секое релевантно лице ќе може да биде предложено и сослушано.

„Сметавме дека треба да се даде шанса при таква една Анкетна комисија, да се разговара за сите 138 жртви за сите оние трагедии кои што се случија, затоа што сметавме дека на таков начин сите треба да ги изведеме пред парламентот и преку една Анкетна комисија да дадеме одговори на сите прашања“, вели Стојаноски и додава:

„Јас не сметам дека тоа е криење или бегање, или саботирање туку е еднаква шанса, заради тоа што и во нашата предлог одлука беше инволвирана оваа трагедија како прва, бидејќи во сите оние одлуки кои што се поднесуваат има начин на кој што се тие формираат согласно Деловникот. Не можам да се согласам со тврдењето дека ние нешто саботираме, дека од нешто бегаме, кога секако овој случај ќе го добие приоритетот во рамки на таа правна рамка во која што е донесена одлука“.

Стојаноски вели дека двете одлуки прецизно ја утврдуваат работата на Анкетната комисија, која ќе трае 45 дена, а по завршувањето следува дополнителен рок од 30 дена за изготвување на извештај, и доставување на истиот до надлежните институции.

„Во двете одлуки е дефинирано дека таа Анкетна комисија во согласност и во координација меѓу сите оние кои што членуваат, може да донесе Деловник на работа, но и сите гости и сведоци динамиката на работа треба да биде утврдена помеѓу сите пратенички групи. Таму вели дека од моментот кога ќе почне, до моментот додека заврши со работа има 45 дена. Не сметам дека е малку, затоа што ако се има волја, се наоѓа и начин како тоа да се заврши. Веднаш кога ќе завршат тие 45 дена, имаме 30 дена рок да го изготвиме извештајот и да го поднесеме до сите релевантни институции“, истакна Стојаноски.

Тој нагласи дека подготвени се да работат дури и 24 часа, доколку е потребно, со цел постапката да биде темелна.

„Нашиот предлог е ако треба ќе работиме 24 часа, но секој оној кој што е инволвиран, и секој оној кој што сака да предложи некој да биде сослушан, ќе добие шанса“, посочи Стојаноски.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Мрачната страна на Бали, проблеми за кои не се говори

Следно

Започнува сезоната на раскинувања: Повеќето врски завршуваат непосредно пред празниците, еве зошто

Latest from Blog

ВКЛУЧУВАЊЕТО НА БУГАРИТЕ ВО УСТАВОТ ЌЕ ГО ЗАБРЗА ПАТОТ НА МАКЕДОНИЈА КОН ЕУ, повеќе студенти да студираат на бугарските универзитети

Вклучувањето на Бугарите во уставот на Република Северна Македонија (РСМ) значително ќе го забрза патот на земјата кон Европската Унија (ЕУ) и се надевам дека нашиот југозападен сосед ќе го стори тоа

Путин: Ние не ја започнавме војната

Рускиот претсадетел Владимир Путин се наоѓа во дводневна посета во Индија, и даде големо интервју за „Индија Тудеј“. На почеток порача дека е воодушевен како се среќава со индискиот премиер Нарендра Моди,

Започнува сезоната на раскинувања: Повеќето врски завршуваат непосредно пред празниците, еве зошто

Доколку размислувате да ставите крај на несреќна врска пред празниците, експертите велат дека сега е совршено време да го направите тоа. Со приближувањето на еден од најромантичните периоди во годината, одлуката за
Go toTop