Божиновска: Нови стратешки проекти за енергетска стабилност во 2026

November 27, 2025
1 min read

Министерката за енергетика, Сања Божиновска, истакна дека енергетските реформи во земјата напредуваат стабилно и со јасни чекори, поддржани од меѓународни партнери.

„Со тимот на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ги усогласивме последните чекори за неколку стратешки проекти што стартуваат во 2026 година. Меѓу нив е батерискиот енергетски систем на ЕСМ со капацитет од 300 MWh, инвестиција што ќе донесе стабилност, флексибилност и значителен напредок во нашиот електроенергетски систем“, рече Божиновска.

Таа додаде дека ЕБОР како партнер носи доверба, искуство и техничка поддршка, што овозможува забрзување на реформите.

 

 

Министерката посочи и дека отворени се клучните теми поврзани со ESCO-моделот, нов пристап кој овозможува инвестиции во енергетска ефикасност без финансиски товар врз граѓаните и институциите.

„Во периодот што следи, со ЕБОР продолжуваме координирано и со ист фокус: проекти што директно ја зајакнуваат енергетската сигурност на државата“, заклучи Божиновска.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Николоски: Работиме на нов царински систем со Србија и Албанија што ќе овозможи електронско препознавање на камионите на граница без застанување

Следно

Трагедија во Хонг Конг: Бројот на жртви се искачи на 83, полицијата открива можна причина за пожарот

Latest from Blog

85- годишен ветеран мора на Кети Пери да ѝ исплати 1,8 милиони долари поради спор околу куќа

Пери и нејзиниот поранешен вереник Орландо Блум купија луксузен имот во 2020 година, но вселувањето беше одложено со години поради тужба, пишува People. Правна битка за вила од 15 милиони долари 41-годишната

Трагедија во Хонг Конг: Бројот на жртви се искачи на 83, полицијата открива можна причина за пожарот

Најмалку 83 лица загинаа, а повеќе од 250 се водат како исчезнати по катастрофалниот пожар што го зафати станбениот комплекс Ванг Фук Корт во населбата Таи По во Хонг Конг. Пожарникарите сè

Николоски: Работиме на нов царински систем со Србија и Албанија што ќе овозможи електронско препознавање на камионите на граница без застанување

На седница на Влада во вторникот се определени дополнителни средства од 1.450.000 евра, што ќе се додадат на веќе определените 3,8 милиони евра од Светската банка за новиот царински систем „new single
Go toTop