Стојаноски: Владата веќе обезбеди 30 милиони евра за реконструкција на студентските домови

November 26, 2025
1 min read

Единствена причина зошто денеска тука на овој амандман нема претставник од Левица е еклатантното непознавање и незнаење, како и директната грешка на тоа како тие ја поимуваат политиката, а тоа е политика на рил на Фејсбук, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски на денешната собраниска седница на Комисијата за финансирање и буџет.

Стојаноски посочи дека ваквите постапки на овие пратеници не заслужуваат и да се коментираат, но кога ќе влезете во Собрание и кога ќе давате некакви вакви акти треба да знаат дека сепак, некој може да излезе и да ги соочи се реалноста, а тоа е дека студентските домови за кои бараат средства за реконструкција и веќе се реконструираат.

Стојаноски посочи дека за реконструкција на студентските домови Владата има обезбедено 30 милиони евра и истата ќе се одвива во три фази, така што до крајот на мандатот сите домови ќе целосно реконструирани.

-Двата дома којшто сте ги напишале на ваков амандман и тоа што го барате апсолутно се реконструираат, дека до сега Владата има обезбедено 30 милиони евра за реконструкција на студентски домови, дека заради добрата работа во реконструкцијата доби грант од 5 милиони евра од германската банка за развој, дека во три фази ќе се реконструираат сите студентски домови. Секоја фаза чини по 17 милиони евра и до крајот на мандатот сите студентски домови ќе бидат реконструирани. Понатаму, во Штип, затоа што тука е напишан и градот Штип, ќе се гради нов медицински факултет и паралелно со тоа ќе се изгради и комплетно нов студентски дом, рече Стојаноски.

Додаде дека така реагираат и така реализираат сериозни политичари кои ги решаваат проблемите на граѓаните, а не како пратениците на Левица кои како единствена работна активност го сфаќаат коментирањето по социјалните медиуми како Фејсбук и Инстаграм.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Binance воведува демо тргување за корисниците во Македонија

Следно

Wolt бележи глобален рекорд во првата недела од лансирањето во Скопје

Latest from Blog

Спортот за првпат вклучен во Националната стратегија за соработка со дијаспората

Спортот и спортската дипломатија за првпат се вклучени како посебен постулат во Предлог–текстот на Националната стратегија за соработка со дијаспората 2026–2030, кој денеска беше презентиран на јавната дебата во Владата. Во рамките

Wolt бележи глобален рекорд во првата недела од лансирањето во Скопје

„Во првиот ден и првата недела од лансирањето на апликацијата за достава во Скопје, Wolt забележа најмногу нарачки на платформата, гледано глобално,  повеќе од кој било град во светот откако компанијата работи“, 

Binance воведува демо тргување за корисниците во Македонија

Binance, најголемата крипто берза во светот според обем на тргување и број на корисници, ја лансира својата платформа за демо тргување за корисниците во Македонија и на целиот Балкан. Новата функционалност нуди безбедна и

Пелагонија започнува нов циклус на регионална соработка

Денес, во Битола, се одржа првата Конститутивна седница на новиот Совет за развој на Пелагонискиот плански регион, на која учествуваа градоначалниците на деветте општини што го сочинуваат регионот. На оваа седница, која
Go toTop