– Секој од нас имаше мал медалјон – буквално со капка крв во него. Беше тоа мала романтична идеја и – тоа беше сè. Но, кога сè ќе заврши, ние сме вампири. Живееме во темница, ја пиеме крвта еден на друг и слично, се пошегува тој во разговорот за „Ролинг стоун“.
Тој исто така, рече дека одлично се забавувале во бракот и дека останале во добри односи по разводот.
– Таа и јас сè уште сме многу, многу блиски пријатели. Тоа беше цивилизирано разделување. Едноставно, прекинавме затоа што нашите животни стилови беа многу различни, изјави тој.
Торнтон и Џоли се запознале во 1999 на снимањето на филмот „Контролна кула“ (Pushing Tin) и се венчаа во 2000 година. По две години објавија дека го посвојуваат својот син Медокс од Камбоџа. Се разведоа во 2003 година.
Извор: vecer.mk


