Исидора, сопругата на Марио од 2Бона, која неодамна зборуваше дека не може да роди дете, сега е фрустрирана од ставови на гостин во подкаст:
„ Ова лично ме повреди што вели дека ако жена не може да роди дете, треба мажот да донесе друга жена што ќе роди и тројцата треба да си живеат во заедница и љубов и жената тоа треба да го прифати. Од вакви размислувања и од мажите со ваквите размислувања, јас како тинејџерка, стигнав до тоа да се борам со панични напади, анксиозност“.
Исидора, сега веќе сопруга на Марио од 2Бона, пред неколку месеци јавно зборуваше за нејзината здравствена ситуација, заради која не може да забремени и да износи дете.
Во тој период, тие добија огромна поддршка од македонската јавност, кога Марио првпат во подкаст кај Лазаров проговори на темата и кажа дека тој е со неа и покрај тоа што го знаел ова од почетокот, затоа што медицината има решение и постои начин како да имаат дете.
Токму тоа се ставовите кои денешницата треба да ги прифаќа, но Исидора сега беше исфрустрирана од ставовите на Миодраг Петровиќ, кој гостуваше во подкаст и изнесе сфаќања кои не може да ги прифати.
Понесена од бесот, таа сними видео, во кое отворено зборува за тоа колку овие ставови ја повредуваат неа и знаејќи колку многу дружи жени се соочуваат со сличен проблем, смета дека во денешно време не треба да се поддржуваат ваков тип на изјави независно каде се пласирани, а според неа, тој очигледно добива поддршка од мажи во коментари.
Дел од нејзиниот говор во видеото:
„Чувствував потреба да се искажам на една тема, да ги искажам моите ставови. Не можев да седам мирна ако не се искажам.
До пред малку го гледав подкастот на Лазаров, со дебатата која се водеше и сметам дека јас сум доволно компетентна и имам кредибилитет да зборувам на оваа тема и да ги искажам своите ставови.
Не зборувам само во мое име и се осеќам должна дека треба да кажам нешто и во име на сите девојки и жени кои ме контактирале и се имаат поврзано на оваа тема.
Јас дотичниот господин кој беше гостин во подкастот не го познавам, имам видено можеби некое видео, но неговата биографија не ја знам.
Затоа, не можам да зборувам за други работи освен за темата којашто мене ме засега и за која ќе зборувам, искрено лично ме повреди.
Конкретно за ставот дека „Ако жена не може да роди дете, треба мажот да донесе друга жена што ќе роди и тројцата треба да си живеат во заедница и љубов и жената тоа треба да го прифати.
Исто и ако мажот не може да направи дете, тој треба да ѝ даде пари и да си најде друг маж, а сурогатство и посвојување не доаѓаат предвид кога мажот може да има свое дете“.
Толку многу се бореле жени во овој живот и изминати милиони години, за ние во 2025-та година, а за еден месец 2026-та, да стигнеме повторно до ставот дека жената е таа што треба да седи дома, да чува и да раѓа деца и за ништо друго не е битна.
Од вакви размислувања и од мажите со ваквите размислувања, јас како тинејџерка, стигнав до тоа да се борам со панични напади, анксиозност, самодоверба на 0 и со тоа да сметам дека не вредам како жена и дека треба да се убијам затоа што тоа биле зборови што ми биле кажани од мажи кои имале вакво размислување.
Извор: vecer.mk


