Тоневски: Нови инвестиции за развој на туризмот во Пробиштип

November 18, 2025
1 min read

Денес официјално започна проектот за реконструкција на планинарскиот дом на Црн Врв, кој има за цел подобрување на условите за развој на планинарството, велосипедизмот и заштита на природните убавини на овој туристички локалитет.

Проектот е финансиран од Европската Унија и Министерството за локална самоуправа, а ќе се спроведува преку Центарот за развој на Источниот плански регион. Со проектните активности е предвидена целосна реконструкција на објектот и уредување на неговата околина.

Вкупната вредност на инвестицијата изнесува околу 5.300.000 денари, од кои најголемиот дел се обезбедени од Европската Унија, додека Општината учествува со средства во износ од околу 725.000 денари.

 

Тони Тоневски, градоначалник на општина Пробиштип, истакна дека проектот е значаен за локалниот развој и за промоција на активниот туризам во регионот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Министерството за енергетика го финализираше Планот за реконструкција на јавни згради 2025–2028

Следно

Денеска Виена е главен град на БиХ! Лудо ќе биде и на “Хемпден Парк“ во Глазгов! (ВИДЕО)

Latest from Blog

Нови можности за Битола преку европските програми – средба на Коњановски и Нупнау

Во рамките на посетата на Битола, заменик амбасадорот на Делегацијата на ЕУ Бен Нупнау оствари официјална средба со градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски. Двајцата соговорници разменија информации и мислења за европските

Пленковиќ: Вуковар е симбол на отпорот и одбрана, гордост на хрватскиот народ

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ со членовите на Владата и претседателот на хрватскиот Парламент, Гордан Јандроковиќ, денеска присуствуваа на комеморацијата за жртвите од Вуковар , на која рече дека Вуковар е симбол на

Дигиталното насилство се шири со алармантна брзина

Дигиталниот свет ветуваше поврзување и зајакнување – но за милиони жени и девојчиња, тој стана свет на злоупотреба. Дигиталното насилство се шири со алармантна брзина поттикнато од вештачката интелигенција, анонимноста и отсуството

Министерството за енергетика го финализираше Планот за реконструкција на јавни згради 2025–2028

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го финализираше Планот за реконструкција на згради кои ги користат лицата од јавниот сектор на државно ниво за периодот 2025–2028 – документ кој поставува јасна,
Go toTop