Венко Филипче воопшто не е заинтересиран ниту за партијата, уште помалку за граѓаните и државата. Филипче секој ден се интересира само за една работа, а тоа е како да ги задоволи желбите на Зоран Заев и како заедно со него да го минува времето во луксузни вили, јахти во соседството или во Дубаи, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Филипче да беше малку заинтересиран за јавното добро за почеток ќе направеше нешто добро за СДС, ќе започнеше со консолидирање на партијата, поставување на нови и квалитетни кадри. И доколку Филипче почнеше да прави нешто добро за партијата во државава ќе имаше здрава опозиција.
Филипче и Заев не се никакви партиски другари кои работат за добро на членството, на партијата, државата. Филипче и Заев се друштво заинтересирано за лични цели, па ја држат во заложништво и СДС.
Филипче покажа и докажа дека не сака силен СДС, туку сака само да му удоволува на Заев. Токму затоа се додека Филипче и Заев заедно ги влечат конците во СДС единствен резултат ќе бидат расипнички политики. Токму затоа оваа политика ќе значи крај за СДС, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Извор: kurir.mk


