Дневен хороскоп за Недела (16.11.2025)

November 16, 2025
2 mins read

ОВЕН
Ќе бидете расположени и ќе почувствувате потреба за возбудливи искуства. Не дозволувајте да се заглавите во рутината и да ви здодее, ќе потрошите прекрасен ден. Ако се зафатите со нешто, ќе вложите страст и ентузијазам во тоа, но постои можност брзо да ви здодее.

БИК
Влијанието на ѕвездите денеска силно ќе ги поддржи оние од вас кои се подготвени да вложат напор заради партнерство. Но, имајте на ум дека ако сте негувале илузии за погрешна личност за вас, ќе бидете разочарани. Дозволете им на настаните да ве водат и не обидувајте се да ги протолкувате или менувате.

БЛИЗНАЦИ
Доколку денеска ви се укаже можност да се впуштите во авантура, не дозволувајте да ви мине со изговор дека се чувствувате несигурно. Не негувајте непотребни стравови и грижи, самодовербата и позитивното размислување ќе ви помогнат да ги надминете.

РАК
Дури и многу кратките вежби за дишење денеска ќе имаат добар ефект врз вас и ќе ве поткрепат во постигнувањето ментална рамнотежа. Физичките активности ќе ви помогнат да излезете од летаргија. Ако сте љубител на лотарија, пробајте ја среќата – можеби ќе бидете пријатно изненадени.

ЛАВ
Што и да правите денеска, нема да помине незабележано. Веројатно ќе бидете во центарот на вниманието и ќе добиете одобрувања од другите. Сепак, може да се појави одредена тензија во вашиот однос со партнерот, која ќе треба да ја смирите ако ви е грижа за вашата врска.

ДЕВИЦА
Денеска ќе имате проблеми ако сте бидете повеќе настроени да наредувате и не ги земате предвид мислењата на најблиските и партнерите. Денот е погоден за правење корисни работи за вашето тело, на пример, одење на масажа или подготовка на релаксирачка бања дома. Слободните ќе бидат расположени за љубов и флерт.

ВАГА
Вашиот ентузијазам денеска ќе биде заразен, а вашите страсти ќе бидат силни. Многумина од вас ќе бидат расположени за авантура и забава, вклучително и романтични. Среќата ќе биде на ваша страна, затоа не дозволувајте мрачните мисли да ве спречат да го следите вашиот внатрешен глас.

ШКОРПИЈА
Денешниот ден ќе биде попријатен доколку се фокусирате на вашата омилена активност и им дозволите на луѓето од вашето опкружување да го прават она што го сакаат. Ако имате големи очекувања од вашите најблиски, не е ни чудо што ќе бидете разочарани.

СТРЕЛЕЦ
Денеска другите нема да бидат во вашето видно поле. Вашите сопствени желби и потреби ќе бидат на прво место. Заради хармонија во односот со саканата личност, покажете толеранција и подобро разбирање, тоа ќе биде ценето од спротивната страна.

ЈАРЕЦ
Дешениот ден е погоден за лежерни занимања, затоа не брзајте никаде и правете нешто што ви пружа задоволство. Ако некоја креативна активност ве инспирира, одвојте време за тоа, вашата имагинација ќе ви помогне да создадете нешто вредно.

ВОДОЛИЈА
Денеска со леснотија ќе истрајувате на сопствените уверувања, дури и доколку мора да бидете подиректни со некого. Вашата искреност, сепак, ќе има цена, но веројатно ќе биде подобро да ја платите наместо да се лажете себеси.

РИБИ
Постои можност денеска да се обидете да добиете нешто на туѓа сметка. Не го правете тоа, бидејќи наскоро ќе ја платите цената за тоа. Пред да направите нешто, подобро е да се запрашате како тоа би влијаело на вашите најблиски или на личноста вклучена во ситуацијата.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Спасовски: Буџетот за 2026 е насочен кон регионален развој и големи капитални проекти од суштинско значење за општините

Следно

Зеленски: Украина ќе увезува гас од Грција за своите потреби во текот на зимата

Latest from Blog

Попов: УМС е единствен претставник на младите во општините и парламентот

Интегрален текст од изјавата на претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието на РМ, Сергеј Попов: „Македонија повторно стои исправено, а младите гордо и достоинствено го понесоа товарот да ги

Зеленски денеска во посета на Грција – грчката полиција забрани протести во Атина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска е во посета на Атина, ќе се сретне со претседателот на Грција Константинос Тасулас, со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, како и со претседателот на парламентот Никтас Какламанис,

Јужна Африка ќе гради нова нуклеарна централа

Јужна Африка ќе продолжи со плановите за изградба на нова нуклеарна централа како дел од пошироките напори за обезбедување долгорочна енергетска стабилност, изјави денес министерот за енергетика на земјата, Кгосиенцо Рамаккопа. Тој

Манасиевски: Реформите и напредокот на СДС се во втор план на Филипче, приоритет му се желбите на Заев

Интегрален текст од прес-конференцијата на членот на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски: „Почитувани сограѓани, почитувани претставници на медиумите, Реформите и напредокот во СДС, не се во прв план на Филипче. На него
Go toTop