Коњановски: Гондолата на Пелистер е чекор поблиску до реализација

November 11, 2025
1 min read

Потпишан е договорот за изработка на физибилити студијата за изградба на гондолската жичница на Пелистер, проект кој локалната самоуправа го оценува како стратешки за развојот на туризмот во Битола и регионот.

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, соопшти дека овој чекор претставува значајно движење напред во насока на реализација на еден од најважните планови за подобрување на туристичката понуда на националниот парк.

„Со потпишувањето на договорот се отвора патот кон конкретизација на проектот. Во текот на месец декември ќе следуваат активности за вклучување на сите засегнати страни: институции, експерти и граѓани, со цел заеднички да го обликуваме овој проект“, изјави Коњановски.

 

Гондолата на Пелистер се смета за долгогодишна желба на локалната заедница и туристичкиот сектор, со очекување дека ќе придонесе кон зголемена посетеност, нови содржини и подобрена пристапност до планинските атракции.

Проектот се наоѓа во фаза на анализи и процени, по чие завршување ќе се пристапи кон следните чекори за негова реализација.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Бесплатен влез за натпреварот Македонија – Летонија на арената „Тодор Проески“

Следно

Тоневски: Нов почеток, нови идеи, нов развој на Пробиштип

Latest from Blog

Обвинителството на БиХ побарало од Молдавија податоци за руски кампови во Република Српска

Од Обвинителството на БиХ за „Детектор“ потврдија дека нивни службеници продолжуваат да ја истражуваат аферата во која, како што се тврди, руски инструктори обучувале државјани на Молдавија во Република Српска. „Обвинителството на

Загинаа сите 20 членови на екипажот во уривањето на турскиот воен авион

Сите 20 членови на екипажот на турскиот воен транспортен авион Ц-130 загинаа во авионската несреќа на границата меѓу Грузија и Азербејџан, соопштија турските власти. Авионот Ц-130 полетал од Азербејџан и се враќал во

Координативниот центар за потраги и спасување при воздухопловни несреќи во цивилното воздухопловство од 1 февруари ќе биде под надлежност на ЦУК

Од 1 февруари, Координативниот центар за потраги и спасување при воздухопловни несреќи во цивилното воздухопловство ќе биде под надлежност на Центарот за управување со кризи (ЦУК). Директорот на ЦУК Али Мухамед, и

Градоначалникот Меџити со поддршка за новиот Совет на општината

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска оствари средба со новоизбраниот претседател на Советот на општината, Муамет Муртези, кој вчера на првата конститутивна седница го презеде раководењето со советничкото тело. Меџити истакна
Go toTop