Курти: Лајчак предложи 15 модели за ЗСО, ги разгледуваме

March 13, 2023
1 min read

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека неговите советници и дел од министрите разгледуваат 15 модели за Заедницата на српските општини кои му ги понудил претставникот на ЕУ за дијалог Мирослав Лајчак, пренесува приштинската „Коха диторе“.

Курти рече дека од тие модели врз основа на кои се организираат националните малцинства во ЕУ, ќе земе елементи врз основа на кои малцинствата во Косово би биле третирани на вистинско ниво.

Тој истакна дека нема да прави компромиси со уставноста, законитоста и функционирањето на државата.

„Моделите што ги претстави европскиот емисар Лајчак се различни решенија за националните малцинства во земјите на ЕУ, од кои вкупно петнаесет се добро познати. Некои се понови, некои од порано и пред постоењето на ЕУ. Сметам дека тоа се модели од кои можеме да земеме елементи за не само човековите права, туку и правата на националните малцинства да бидат на вистинско ниво кај нас“, рече тој.

Курти изјави дека пред саботната средба со српскиот претседател Александар Вучиќ во Охрид, С. Македонија, ќе се знае агендата и содржината за која ќе се разговара.

„Пред сабота ќе го знаеме дневниот ред и суштинските точки за кои ќе се разговара таму, а како дел од расправата за планот за имплементација на веќе договорениот договор според европскиот предлог, без ништо да се менува“, рече тој.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сојузот на средношколци бара бесплатен превоз за сите ученици

Следно

Во завршна фаза е реконструкцијата на крак од улицата „Христо Батанџиев“ во Ѓорче Петров

Latest from Blog

Иран одговори на американскиот предлог за крај на војната

„Одговорот на Исламската Република Иран на најновиот американски предлог за прекин на војната денес беше испратен до пакистанскиот медијатор“, соопшти агенцијата. „Во оваа фаза, преговорите ќе се фокусираат, како што е планирано,

Почина поранешниот градоначалник на Кавадарци, Иван Чулев

Почина поранешниот градоначалник на Кавадарци, Иван Чулев Актуелниот градоначалник Митко Јанчев се прости од својот претходник на социјалната мрежа „Фејсбук“. „Неговиот придонес за Кавадарци ќе остане трајно запаметен, а споменот за него

Димовски: Оспорувањето на МПЦ-ОА е оспорување на македонскиот народ

Илија Димовски на социјалните мрежи објави осврт за значењето на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Историјата на македонскиот народ не е само хроника на битки и договори, таа во значаен дел

Мајорка и Виљареал ги поделија бодовите

Првиот дуел од денешната програма во Примера шпанскиот фудбалски шампионат, заврши со поделба на бодовите. Мајорка како домаќин одигра 1:1, со тимот на Виљареал во интересен и неизвесен дуел. Перез го реализираше
Go toTop