Годишна конференција за здравство: „Моќта на навремената акција за здравствен систем што испорачува“

November 6, 2025
2 mins read

Американската стопанска комора во Северна Македонија (АмЧам) ја одржа Четвртата годишна конференција за здравство, под мотото „Моќта на навремената акција за здравствен систем што испорачува“, која оваа година беше посветена на потребата од конкретни и навремени чекори за поефикасно и подготвено здравство.

„Од самиот почеток, нашата цел беше да создадеме платформа за континуиран дијалог меѓу институциите, индустријата, академијата и пациентите. Денес, по четири години, време е тој дијалог да се претвори во резултати. Навремената акција е клучот – затоа што токму времето најчесто го губиме во процедури и одложувања, а токму навремената реакција прави разлика меѓу успех и застој, доверба и недоверба во системот“ изјави Јелена Арсовска, извршна директорка на АмЧам Северна Македонија, нагласувајќи дека оваа година темата на конференцијата претставува повик кон конкретни чекори и мерливи промени во здравството.

Главното излагање го одржа д-р Пракаш Џеј од Универзитетот во Тексас (САД), кој зборуваше за иновациите и технологиите што ќе го обликуваат здравството во следната деценија. Истакнувајќи дека пациентите се сменија, но не и здравствените системи, укажа дека иднината на здравството ќе зависи од способноста на институциите да се прилагодат на новата реалност. Според него, дигитализацијата и технологијата сами по себе нема да го поправат здравствениот систем, туку вистинската трансформација мора да произлезе во комбинација од нови лидерски начини на размислување, јасно воспоставена одговорност и соработка меѓу различните сектори.

На панел-дискусијата „Кога системот се соочува со тешкотии – претворање на предизвиците во промени“, министерот за здравство Азир Алиу, директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски, заедно со Александра Ивановска од фармацевтската компанија РОШ и Ана Марјановиќ од пациентската организација ХЕМА-ОНКО, дискутираа за начини на трансформација на системот од реактивен кон проактивен модел на управување. Тие истакнаа дека здравствениот систем се соочува со реални предизвици кои бараат многу повеќе работа и одлучност, нагласувајќи дека следниот период мора да биде фокусиран на зајакната одговорност на сите нивоа, подобра ефикасност и испорачани резултати – со цел системот да стане поагилен и поуслужен кон граѓаните.

Двата следни панели ја продлабочија дискусијата за ефикасноста и современото управување во здравството, ставајќи акцент на пристапот до здравствени услуги, лекови и податоци. Панелистите укажаа дека подобрувањето на координацијата, децентрализацијата и дигиталната поврзаност на системот се неопходни чекори за да се намалат јазовите во пристапот и одлучувањето. Во духот на клучната порака на конференцијата, беше истакнато дека навремената акција и стратешкото делување се основа за систем што не реагира само на проблеми, туку превентивно делува и навистина испорачува резултати за пациентите.

Годинава, во рамките на конференцијата беше отворена и тема за улогата на медиумите и јавноста во унапредувањето на здравствениот систем, со акцент на потребата од транспарентност, пристап до информации и градење доверба меѓу институциите, медиумските професионалци и граѓаните.

Во завршниот дел на конференцијата беше одржан панелот „Препораки за подобрување во годината што следи“, чија цел беше да поттикне конкретни заложби и мерливи чекори од сите засегнати страни во здравствениот систем.

Како подготвителна активност за овој панел, АмЧам организираше интерактивна работилница во форматот „World Café“, на која претставници од институциите, академијата, индустријата и меѓународните организации работеа во групи за да идентификуваат приоритетни мерки и области за дејствување. Резултатите од оваа работилница беа презентирани и дискутирани на конференцијата, како основа за дефинирање на заедничка патека за следната фаза од реформите.

Со оваа конференција, АмЧам уште еднаш ја потврди својата улога како платформа што поттикнува соработка, консензус и конкретна акција, обединувајќи ги институциите, бизнис-заедницата и експертите околу заедничка цел — здравствен систем кој учи, се прилагодува и испорачува резултати за граѓаните.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Бојкоски најавува нулта толеранција за лични навреди и дискредитации во Советот на Битола

Следно

Три хороскопски знаци на кои животот им тргнува на подобро од 5-ти ноември

Latest from Blog

Ненси Пелоси се пензионира

Ненси Пелоси, првата жена што стана претседател на Претставничкиот дом на САД, изјави дека нема да се кандидира за реизбор во 2026 година, што го означува крајот на нејзината четиридецениска кариера како

Оваа секојдневна навика е подеднакво опасна како пушењето, а речиси сите ја имаме

Седечкиот начин на живот стана глобална здравствена криза. Експертите сè повеќе го споредуваат со пушењето, бидејќи долготрајното седење го зголемува ризикот од сериозни болести и предвремена смрт. И покрај бројните предупредувања, повеќето

Сите 12 штитеници на Домот за пензионери во Тузла починале од задушување, покажаа резултатите од обдукцијата

Сите жители на домот за стари лица во Тузла, кои починаа во пожарот што избувна таму завчеравечер, починале како последица на задушување, според обдукцијата, чии резултати денес ги објави окружното обвинителство на

Ајакс остана без тренер

фото: Ajax (X) Џони Хеитинга повеќе не е тренер на тимот на Ајакс. Менаџментот на клубот се одлучи да му врачи отказ на некогашната икона на холандскиот фудбал, поради очајните резултати пред
Go toTop