Изет Меџити, градоначалник на општина Чаир, ја истакна добрата соработка меѓу двете влади во порака до премиерот на Косово, Албин Курти.
– Благодарам за честитката за победите на ВЛЕН во секој дел на Македонија. За време на мојот мандат како вицепремиер, соработката меѓу нашите влади беше искрена и длабока. Иста таа соработка ќе продолжи и понатаму, бидејќи нашите односи се силни и непоколебливи – рече Меџити.
Тој додаде дека Македонија и Косово веќе воспоставиле пријателство засновано на конкретни проекти и заеднички иницијативи.
– Добрата соработка меѓу двете влади ја зацврстува нашата братска и соседска врска, а резултатите од овие проекти се видливи за граѓаните – потенцира Меџити.


