Американската компанија „ExxonMobil“, заедно со „Energean“ и „HELLENiQ ENERGY“ ќе истражуваат јаглеводороди во Јонското Mоре

November 6, 2025
1 min read

Договор за истражување на јаглеводороди во Јонското море потпишаа американската компанија „ExxonMobil“, заедно со „Energean“ и „HELLENiQ ENERGY“ кои веќе ја имаат концесијата за Блокот 2 во северозападниот дел на Јонското Море, во близина на Ексклузивната Економска Зона на Италија.

Договорот беше потпишан на маргините на состанокот на Шестото партнерство за трансатлантска енергетска соработка (P-TEC) што се одржува во Атина, во присуство на американските секретари за енергетика и внатрешни работи Крис Рајт и Даг Бургум, грчкиот министер за животна средина и енергетика Ставрос Папаставру, како и амбасадорката на САД во Атина Кимберли Гилфојл.

Според договорот, „ExxonMobil“ ќе стекне 60 отсто од концесијата, „Energean“ ќе задржи 30 проценти учество, од првични 75 отсто, а „HELLENiQ ENERGY“ ќе задржи 10 проценти учество, од првични 25 отсто.

Станува збор за прво дупчење за морско истражување во Грција од 1981 година, а истражувањето се очекува да се реализира на крајот на 2026 или на почетокот на 2027 година, под услов навремено да се обезбедат сите неопходни дозволи и одобренија од надлежните органи, како и да се продолжи фазата на истражување за да се обезбеди завршување на проектот во предвидениот рок.

Блокот 2 е во област од особен геолошки интерес, во 2022 година биле добиени 2.244 квадратни километри тродимензионални сеизмички податоци, чија обработка и толкување потврдија дека структурата „Асопос“ е најзрелата цел за истражувачко дупчење.

Станува збор за најголемата неистражена офшор структура во Медитеранот, со потенцијал значително да ја зајакне енергетската безбедност на Грција и поширокиот регион./МИА

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Албанија останува на дното на Европа во однос на минималната плата

Следно

Цеца со изјава за инцидентот во Велес: „Не знаев дека не се сакаат толку многу – жал ми е ако повредив нечии чувства“

Latest from Blog

Коњановски се заблагодари на Амбасадата на САД за финансиската поддршка

Советот на Општина Битола на денешната прва работна седница ја прифати донацијата од Амбасадата на САД во висина од 1 милион долари за дооформување на новиот објект на противпожарната станица. Градоначалникот Тони

Меџити: Урбаната трансформација во Чаир не запира

Во општина Чаир денеска завршува реконструкцијата на улицата бр. 9 на булевар „Мидхат Фрашери“, со поставување на завршниот слој асфалт. Ова е само еден од шесте инфраструктурни проекти кои паралелно се реализираат

Откритие во Перу: Цртежи на храм-пирамида ја раскажуваат приказната за егзодусот на најстарата американска цивилизација

 Имено, како што објави „Гардијан“ (Guardian), тимот предводен од познатата перуанска истражувачка Рут Шејди тврдат дека пред околу 4.200 години, остра суша го принудила населението да ја напушти древната град-држава Карал. Цивилизацијата

Бејби Фуд Фактори ја започнува платформата „Здрава исхрана од мали нозе“

Сеопфатна иницијатива за општествена одговорност посветена на превенција на детската дебелина Скопје, 6 ноември 2025 – Бејби Фуд Фактори, членка на групацијата Нелт и производител на брендот Нутрино, како водечка компанија во
Go toTop