Политико.ал – Тирана
„Минималната плата се удвои. На почетокот од следната година, таа ќе изнесува 500 евра, немаме причина да не ја прифатиме“, изјави Делина Ибрахимај, министерка за економија и иновации, во октомври 2025 година.
Изјавата беше дадена на јавен настан, каде министерката нагласи дека зголемувањето на минималната плата е еден од главните успеси на владата, сметајќи го за индикатор на економскиот успех на земјата.
Другата страна на паричката
Но, најновите податоци од Евростат (јули 2025) покажуваат дека минималната плата во Албанија е околу 408 евра (45.540 леки). И покрај постепените зголемувања во изминатото десетлетие, земјата останува последна во регионот и во Европа, како по номинална вредност, така и по стандарди на куповна моќ.
Црна Гора е на прво место со 670 евра, следена од Србија со 618 евра и Северна Македонија со 584 евра.
Исто така, според Евростат, минималната плата во земјите на ЕУ се движи од 551 евро месечно во Бугарија до 2.704 евра месечно во Луксембург.
Дури и кога се зема предвид куповната моќ, Албанија се рангира како последна во Европа. Цените на храна, енергија и кирија се меѓу највисоките во регионот, додека минималните приходи не се доволни за покривање на основните трошоци за живот.
Ова покажува дека „удвојувањето“ на минималната плата, иако реално по номинални термини (од 24 илјади леки во 2015 до 45.540 леки во 2025), тоа не се преведува во реално подобрување на стандардот на живот.
Пропаганда и повторени ветувања
Изјавата на министерката доаѓа неколку месеци по парламентарните избори на 11 мај, каде минималната плата беше користена како изборна карта.
На почетокот од кампањата, албанскиот премиер Еди Рама го објави ветувањето за зголемување на минималната плата на 500 евра, кое според него ќе биде одобрено во јуни 2025 и ќе стапи во сила во јануари 2026.
„Во јуни ќе ја зголемиме минималната плата на 500 евра и таа ќе стапи во сила од јануари 2026“, изјави Рама во април 2025, кратко пред изборите, додавајќи дека ова зголемување нема да го оптовари бизнисот.
Но, проверка од Faktoje покажа дека одлуката за зголемување на минималната плата не беше одобрена во јуни, како што беше ветено.Ова не беше првпат минималното зголемување на платата да се користи како пропаганден инструмент. Дури и на локалните избори во 2023, премиерот вети дека минималната плата ќе оди на 450 евра, ветување кое не беше исполнето.
ЗАКЛУЧОК
Вистина е дека минималната плата во Албанија номинално се удвои во изминатото десетлетие, од 24 илјади леки во 2015 до над 45 илјади леки во 2025. Но, ова зголемување не го промени рангирањето на земјата, која продолжува да останува последна во регионот и во Европа, како по ниво на минималната плата, така и по куповна моќ.
Извор: vecer.mk


