Алиу: После изборните резултати нашата коалиција е сигурна и посилна

November 4, 2025
1 min read

После десет години имаме нов амбиент во државата, изјави денеска министерот за здравство Азир Алиу, одговарајќи на новинарско прашање во врска со резултатите од локалните избори.

Нашата коалиција, посочи, не беше задкулисна како што биле досега коалициите, значи едно збореа, а друго работеа.

Во врска со тоа дали е стабилна коалицијата, рече дека докажале дека се различни од другите.

– Докажавме дека и на централно и на локално ниво знаеме политиките да ги имплементираме така како што се договараме и резултатите покажуваат дека тоа е така. После овие резултати нашата коалиција е сигурна и посилна, бидејќи докажавме пред граѓаните и нашите партнери дека тоа што е договорено со коалициските партнери тоа се имплементира на терен, појасни Алиу, одговарајќи на новинарско прашање по посетата на Клиниката за кардиологија.

Според него, резултатите се видливи, но за жал после десет години, бидејќи граѓаните и пред десет години сакале да има промена на политичкиот амбиент во државата.

– За жал беа искористени сите можни политички притисоци и администрација од ДУИ за да може да опстои десет години без желба на граѓаните за да има промени во политичкиот еко систем во државата, рече Алиу.

Тој посочи дека ДУИ првпат се соочиле на локални избори од позиција на опозиција и ги немаат тие можности да се злоупотреби тој политички момент и реалноста ова што денеска го гледаме – сите општини во државата се менаџираат од стручњаци од ВРЕДИ.

На новинарско прашање дали ќе продолжи да биде министер за здравство рече дека неговиот профил бил секој ден да работи каде и да е, верува во неговата експертиза и дека каде и да е нуди резултати.

– И понатаму ќе се видиме и ќе бидам министер за здравство, истакна Алиу.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Комерцијална банка, Алкалоид и Макпетрол со најголем дневен промет

Следно

Најбогатиот знак во ноември: Очекува зголемување на платата – пристигнуваат деловни понуди

Latest from Blog

Митева: ВМРО-ДПМНЕ повторно ја доби довербата од граѓаните, но колку е таа поголема, толку е поголема и одговорноста

Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во гостување во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија изјави дека големата доверба што граѓаните ја дадоа на локалните избори претставува уште поголема одговорност.

Мадона се мажи за момче, помладо од нејзината ќерка- свадбата ќе се одржи во Европа

Странските медиуми објавуваат дека Мадона (67) наскоро би можела да го каже судбоносното „да“ на своето 38-годишно момче Аким Морис (29), со кого е во врска неколку години. Според „Радар онлајн“, Аким

Тројца мажи од група од 50-тина што им се закануваше на Србите во Сплит се приведени, откриен идентитетот на еден од вмешаните во скандалот

Сплитската полиција, неофицијално дознава „Слободна Далмација“, во вторник пронашла и привела тројца мажи за кои се сомнева дека се дел од група од околу педесет лица во понеделник вечерта во рацијата во
Go toTop