Изборите што ги нарекоа „референдум“ завршија како политички суд против оние што го држеа албанскиот народ како заложник 23 години со лаги и измами. Граѓаните јасно проговорија дека времето на манипулаторите е завршено, велат од ВРЕДИ.
-Двата круга од овие избори докажаа дека Демократската Унија за Интеграција е избришана од политичката карта на Северна Македонија. По две децении манипулација, оваа партија стана мала структура, без поддршка и без политички легитимитет. Ова не го кажува ВЛЕН, го кажува слободниот глас на Албанците. Во првиот круг, ВЛЕНТ убедливо победи во Чаир, Сарај, Арачиново, Желино и Теарце. Во вториот круг, Албанците ја запечатија промената во Боговиње, Дебар, Струга, Долнени и Тетово. Овие победи не се случајности, тие се отворено отфрлање на старата политика и потврда на вербата во новата политика, посочуваат од ВРЕДИ.
Посочуваат дека Албанците точно знаат кој работи, а кој измамува, кој дели, а кој обединува.
-Ова јасно гласање е крај на една ера и почеток на нова визија за албанската политика. ВЛЕН го чита овој резултат како почеток на политика на одговорност, мерена со работа, понизност и почит кон граѓанинот. Нема да зборуваме за губитниците бидејќи Албанците веќе проговорија, истакнаа тие.
Извор: kurir.mk


