Почина поранешниот албански премиер Фатос Нано

October 31, 2025
1 min read

Поранешниот албански премиер и лидер на албанската левица по падот на комунизмот, социјалистот Фатос Нано, почина во петокот во Тирана на 73-годишна возраст, изјави албанскиот премиер Еди Рама.

Роден во Тирана во 1952 година, Фатос Нано, син на поранешен директор на албанската телевизија, ја започна својата кариера како економист во Институтот за марксистичко-ленинистички студии во 1978 година, на врвот на комунистичката диктатура на Енвер Хоџа.

Професор по политичка економија на Универзитетот во Тирана за време на диктатурата, тој се префрли на пазарна економија и по падот на режимот во пролетта 1990 година, кратко време беше претседател на преодната влада.

Во јуни 1992 година, тој беше избран за шеф на Социјалистичката партија, наследник на единствената политичка партија од времето на диктатурата, но која усвои либерална економска политика.

Во 1994 година, тој беше осуден на 12 години затвор за проневера на седум милиони долари италијанска помош.

Но, во 1997 година, албанската економија пропадна поради Понциеви шеми. ММФ и Светската банка предупредија на ризиците, но тогашната влада, конзервативци од Демократската партија, не презеде ништо. Илјадници осиромашени Албанци се побунија.

Затворите ги отворија своите врати на 13 март, а Нано избега заедно со илјадници други затвореници. Набргу потоа, сите беа амнестирани.

Тој повторно беше премиер од јуни 1997 до октомври 1998 година и од 2002 до 2005 година, по што дефинитивно ја заврши својата политичка кариера и ја препушти функцијата претседател на Социјалистичката партија на сегашниот премиер Еди Рама.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Фановите на Јуве со порака до Спалети: Веднаш да ја отстраниш тетоважата!(ФОТО)

Следно

Трамп ја повтори шегата во Белата куќа за Ноќта на вештерките, децата збунети (ВИДЕО)

Latest from Blog

Атина наградена за најдобра европска културна дестинација и најдобра градска туристичка канцеларија во Европа

За најдобра европска културна дестинација и најдобра градска туристичка канцеларија во Европа беше наградена Атина на Светските туристички награди (World travel awards 2025), а атинскиот градоначалник Харис Дукас посочи дека тоа е

Српската пејачка Цеца исвиркана од публиката во Велес откако на концерт го подигна бугарското знаме

 Потегот кој многумина го оценија како скандалозен наиде на бура од реакции од присутните кои со свирежи и довикувања ја испратија од бината во спортскиот центар „Гемиџии“ Откако нејзините колеги на сцената

Голем комеморативен собир во Нови Сад по повод годишнината од падот на бетонската настрешница на железничката станица

 Една година по несреќата кога се урна бетонската надстрешница од Железничката станица, Србија се поклонува пред жртвите од трагедијата, меѓу кои беше и 45-годишниот македонски научник Васко Саздовски кој тргнал за дома
Go toTop