Дендиас: Во 2026 година започнуваме со доброволно служење воен рок за жени

October 31, 2025
1 min read

Во 2026 година почнуваме со доброволно служење воен рок за жени. Ќе започнеме со создавање на единица од 100 до 150 доброволки, за да можеме жените уште повеќе да ги поврземе со армијата, бидејќи во редовниот професионален состав сме во добра состојба, 17 отсто од кадрите во грчките вооружени сили се жени, што е приближно на светскиот просек, посочи министерот за одбрана на Грција Никос Дендиас за време на учеството на конференцијата на весникот „Нафтемборики“, јави дописничката на МИА од Атина.

Дендиас објасни дека дополнително треба да се создаде „инфраструктура, но и перцепција и култура, така што, ако некогаш биде потребно, жените да можат да служат рамо до рамо со мажите во грчките вооружени сили“.

Во однос на учеството на Турција во европската програма САФЕ за финансирање одбранбени проекти, за кое грчкиот премиер на неколку пати има повторено дека сè додека постои „casus belli“, односно закана за војна, Атина нема да даде зелено светло за Анкара, Дендиас објасни дека регулативата не поставува услов за едногласност од САФЕ, но „сепак, постои обврска од Комисијата дека ќе го донесе овој договор со предлог да биде едногласно изгласан“.

– Мислам дека тоа што го кажува премиерот е логично и е очигледно: Како ќе учествува во европски финансиски инструмент една земја што има издадено закана за војна против земја-членка на Европската унија? И земја што окупира дел од друга држава, има и други незаконски активности, итн.? Знаете, никој од нас не е „мразач на Турци“, ниту некој што не посакува добри односи со Турција, но за да постојат добри односи треба да бидат искрени, а искрени односи значи едниот да ги почитува законските права на другиот, посочи Дендиас. 

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Жесток удар за Барса – Флик не го одмори ниту минута, па се повреди

Следно

Блажевски“ го обедини македонскиот фолклор пред преполната сала во НОБ

Latest from Blog

Почина тригодишно девојче, кое беше извадено од хотелски базен на островот Родос, 12 дена се борела за живот

Девојчето починало во недела, 26 октомври, по 12-дневна борба за живот. Девојчето првично било хоспитализирано во Родос, потоа префрлено со хеликоптер во болница на Крит, а потоа во Велика Британија, каде што

Били Ајлиш не сакајќи кажа колку милиони има на сметката, откако им се нафрли на милијардерите (ВИДЕО)

Нејзиниот говор на доделувањето на наградите за иноватори на списанието WSJ за 2025 година во Њујорк го постави прашањето: Колку навистина вреди Били Ајлиш? Нејзиното нето богатство се проценува на околу 53

Запленети над 50.000 фалсификувани играчки „Лабубу“

Првите заплени започнаа кон средината на септември во експресен товарен центар во регионите Сена и Марн, кога беа пронајдени палети од Белгија што содржеа 7.392 плишани играчки и 8.624 фалсификувани пакувања, објави

Силна експлозија во рафинерија за нафта во Ново Мексико, неколку повредени

Силна експлозија се случи денес во рафинерија за нафта во американската држава Ново Мексико, а официјални лица изјавија дека има повредени. По експлозијата, густ чад се издигнал над зградата, а противпожарната бригада
Go toTop