Со пиштол го натерал да влезе во возило, па го испрашувал во какви односи бил со неговата сестра

March 13, 2023
1 min read

Вчера бил нападнат скопјанец на подрачје на Гази Баба.

– На 12.03.2023 полициски службеници од СВР Скопје ги привеле С.Ч. и Р.Г., постапувајќи по претходна пријава од М.С. (46) од Скопје, кој во 03,40 часот во ПС Гази Баба пријавил дека околу 02,15 часот на бензинска пумпа на подрачје на Гази Баба, а по претходен телефонски повик, се сретнал со С.Ч., кој по кратко време физички го нападнал и со закана со пиштол го принудил да влезат во неговото возило „ауди“ и да се упатат кон продажен објект на подрачје на Гази Баба, во кој биле Р.Г., В.Г. и Х.С, информира МВР.

Притоа, според пријавеното, С.Ч. постојано го прашувал М.С. во какви релации е со неговата сестра и му упатувал закани.

Известен е јавен обвинител и се работи на расчистување на случајот.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ердоган: „Ќе изградиме 244.000 станбени единици и 75.000 куќи во рок од една година“

Следно

Едно лице загина, а пет се повредени во пукање во угостителски објект во Тирана

Latest from Blog

Коњановски: Младинско катче и кариерен центар за учениците во битолското економско училиште

Учениците во СОЕУ „Јане Сандански“ во Битола добија младинско катче и кариерен центар. Просторот го уредиле самите ученици со поддршка од нивниот професор и координатор Целе Јолевски, а на свеченото отворање присуствуваше

Николоски: Ниските даноци и пристапот до европскиот пазар се предност за јапонските компании

Македонија нуди најдобри и најконкуретни услови за инвестирање во целиот регион. Имаме континуиран раст на БДП, раст на индустријата и единаесет квартали раст во градежништвото. Исто така, даночната политика е најповолна бидејќи

Не дозволувајте да изгубите пари при откупот: СЕКЕ со важни совети за правилно пакување на тутунот

Со почетокот на сезоната за откуп на тутунот, компанијата СЕКЕ упати важни препораки до тутунопроизводителите за правилно пакување и чување на произведениот тутун, со цел да се зачува неговиот квалитет и да

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување
Go toTop