Едно лице загина, а пет се повредени во пукање во угостителски објект во Тирана

March 13, 2023
1 min read

За расветлување на овој настан, формирана е посебна истражна група и под раководство на Обвинителството, интензивно се работи на расветлување на околностите на настанот, земање на докази кои ќе послужат за расветлување на настанот, легитимирање и фаќање на сторителите, велат од полицијата

Една жена е убиена, а најмалку пет лица се повредени во престрелка во угостителски објект во Тирана. Жената која е убиена, на возраст од околу 60 години, била вработена во објектот. Од стаклото, кое било скршено при престрелката, со повреди на раката се здобило и едно 10-годишно дете. Останатите повредени, на возраст од 42, 45, 47, 50 и 55 години, се под лекарски надзор.

Престрелката се случила синоќа околу 21 часот.

Албанските медиуми пренесуваат дека полицијата потврдила оти угостителскиот објект бил сопственост на лице со криминално досие.

„За расветлување на овој настан, формирана е посебна истражна група и под раководство на Обвинителството, интензивно се работи на расветлување на околностите на настанот, земање на докази кои ќе послужат за расветлување на настанот, легитимирање и фаќање на сторителите“,

велат од полицијата.

Исто така, поставени се и контролни пунктови во соработка со локалните полициски дирекции на Драч, Елбасан, Лежа и Дибр.

Полициските служби продолжуваат со проверките на целата територија каде постои сомневање дека можеби се кријат сторителите.

Медиумот „Балкан веб“ пренесува оти постои сомневање дека повеќе од две лица учествувале во престрелката кои потоа заминале со автомобил.

„Има сомневања дека тешкиот инцидент е поврзан со сопственикот на локалот во кој се случи престрелката. Непознати лица се приближиле до просториите на кафеаната и испукале куршуми. Постои сомневање дека сопственикот на локалот можеби имал и претходни конфликти со лицата и затоа се истражуваат неколку траги. Најверојатно насилникот се доближил пеш и со огнено оружје испукал кон кафеаната“,

пренесува „Балкан веб“.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Со пиштол го натерал да влезе во возило, па го испрашувал во какви односи бил со неговата сестра

Следно

„Граѓаните пократки за 40 милиони евра поради тоа што Ковачевски не изгради Клинички центар, и пропадна еврообврзницата“

Latest from Blog

ФОТО: Невеш со емотивна објава се прости од Жота – „Животот нè спои и сега ништо не може да нè раздели“

Фудбалскиот свет сè уште е во шок по трагичната смрт на ѕвездата на Ливерпул и португалски репрезентативец, Диого Жота заедно со својот брат Андре го загуби животот во сообраќајна несреќа во четвртокот

АТС АММО: Пожарот во близина на Самоков целосно локализиран и изгаснат, без опасност по фабриката

Компанијата АТС АММО од Самоков, Македонски Брод, излезе со соопштение по повод денешниот пожар што избувна во близина на нивната фабрика. Од таму информираат дека пожарот бил целосно локализиран и веднаш потоа

Високи температури утре низ државата; портокалово предупредување од УХМР

Утре (недела, 6 јули 2025) се очекува стабилно, претежно ведро време со изразен пораст на температурата и активен портокалов аларм за екстремна горештина на целата територија на Македонија. Општинските служби советуваат ограничување

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе
Go toTop