Бети Стаменкоска Трајкоска денес од Државната изборна комисија го прими Решението за градоначалник на Општина Кисела Вода.
За мене ова решение е силна потврда за фактот дека граѓаните на Кисела Вода избраа работа, резултати и визија. Но сега, кога Кисела Вода го направи вистинскиот избор, време е и Скопје да го направи истиот, истакна Стаменкоска Трајкоска.
Таа повика: „Во недела, Скопје избира човек кој веќе покажа како се работи, како се бори и како се испорачуваат резултати, човек кој ја заслужува поддршката на секој кој сака модерно, чисто и достоинствено Скопје“.
Да му дадеме сила на човекот кој не се плаши од одговорност, туку ја бара за да работи за граѓаните! Во недела Скопје гласа за Орце Ѓорѓиевски! Во недела, сите заедно, уште еднаш да го направиме, потенцира во објавата Стаменкоска Трајкоска.
Денес од Државната изборна комисија го примив Решението за градоначалник на Општина Кисела Вода.
За мене ова решение е…
Posted by Бети Стаменкоска Трајкоска on Вторник, 28 октомври 2025
Извор: kurir.mk


