ВЛЕН тврди: Левица и ДУИ/АКИ договориле гласови на изборите за градоначалник во Скопје

October 27, 2025
1 min read

Азир Алиу од движењето ВЛЕН тврди дека постои политичка врска меѓу Левица и ДУИ (АКИ), која, според него, се гледа преку изборните резултати.

„Во Скопје, околу 4000 гласови од листата на АКИ преминале кај кандидатот на Левица за градоначалник. Според анализите што ги направивме, овие гласови недостасуваат кај АКИ и се префрлени кај Левица, што лесно се гледа во бројките“, рече Алиу.

Тој нагласи дека кандидатите на АКИ во Струга, Тетово и Гостивар целеле да одвлечат дел од македонското гласачко тело во првиот круг, за возврат ветувајќи 4000 гласови за Левица во Скопје.

 

„Следната недела ќе направам визуелизација и ќе одржам прес-конференција за тоа како АКИ во скриени кулоари прави коалиции со Левица, додека на локално ниво продава патриотизам“, истакна Алиу.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Албанија екстрадира во Австрија македонски државјанин баран за трговија со дрога

Следно

ДИК утре ќе ги објави целосните конечни резултати од гласањето во сите општини

Latest from Blog

Земјотрес од шест степени го погоди западниот дел на Турција

Земјотрес со јачина од шест степени според Рихтеровата скала го погоди западниот дел на Турција вечерва, соопштија сеизмолошките служби. Епицентарот бил 63 километри југоисточно од градот Баликесир, кој има околу 238.000 жители,
Go toTop