Бразилецот ја претера: Реал Мадрид ќе го казни Винисиус!

October 27, 2025
1 min read
ФОТО: Real Madrid FC/FB

И дефинитивно Винисиус ја претера. Она што го направи Бразилецот откако бееше заменет од страна на Чаби Алонсо на дербито со Барселона, ги разгневи сите во клубот а посебно фановите на Реал Мадрид.

Имено тој збесна кога го виде Чаби Алонсо како го вади од игра. Се исплаши поради промената, одби да се ракува со тренерот и отиде директно во соблекувалната. Таквото однесување не го толерира никој, дури ни една од најголемите ѕвезди во тимот.
„Реал размислува за дисциплинска санкција за Винисиус поради реакцијата на промената. Челниците на клубот се лути на него и ова може да има влијание врз неговата иднина во клубот. Преговорите во врска со нов договор со него се во тек и клубот нема намера да ги прекрши своите правила во врска со структурите на платите“, пишува во текстот на „Мундо Депортиво“.

Не е прв пат бразилскиот фудбалер да создава хаос со своето однесување. Често ги провоцира противничките играчи, многумина имаат проблеми со него. Алонсо веднаш по дербито објави дека ќе разговара со него.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

ПлусИнфо: Катка од Левица и Арди од ДУИ во заедничка средба – се подготвува ли коалиција за Тетово?

Следно

Албанија екстрадира во Австрија македонски државјанин баран за трговија со дрога

Latest from Blog

Земјотрес од шест степени го погоди западниот дел на Турција

Земјотрес со јачина од шест степени според Рихтеровата скала го погоди западниот дел на Турција вечерва, соопштија сеизмолошките служби. Епицентарот бил 63 километри југоисточно од градот Баликесир, кој има околу 238.000 жители,

Милијардерот го запали интернетот: „Ако вештачката интелигенција ги избрише работните места – можеби тие и не биле вистински работни места“

Извршниот директор на компанијата „OpenAI“, Сем Алтман, предизвика нов бран реакции со своите коментари за иднината на трудот во ерата на вештачката интелигенција. Говорејќи на конференцијата „DevDay“, Алтман изјави дека работите кои

Анкета: Ѓорѓиевски со огромна предност пред Мециновиќ во трката за Скопје

Според најновата анкета на ИПИС, спроведена пред вториот круг од локалните избори во Скопје, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, води со 31,2% поддршка, додека кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ, има 16,6%. Според
Go toTop