Во Битола премиера на театарската претстава „На отворено море“

March 12, 2023
1 min read

Актери на НУ Народен театар-Битола вечер на матичната сцена премиерно ќе ја одиграат претставата „На отворено море“ работена според текст на Славомир Мрожек, пиеса кој датира од 1961 година.

Режисер на првата годинашна премира на Битолскиот театар е Благој Мицевски, а драматург Оливера Павловиќ, која во претставата отворено го поставува прашањето за тоа каде е човештвото денес!?

На истото море, кое премина во океан од настани за кои веќе нема коментар, нема критериум според кој ќе бидат верификувани, најмалку политички метод за утврдување на нивниот човечен карактер, односно достоинство дека се резултат на човечка култура и цивилизација. Нашата денешна животна реалност ја премина секоја апсурдност на драмските дејствија во пиесите на апсурдите, нагласи Павловиќ во пресрет на вечерашната премиера во Битола.

Во претставата „На отворено море“, поддржана од Министерството за култура настапуваат актерите Марјан Ѓоргиевски, Никола Пројчевски, Живко Борисовски, Васко Мавровски и Петар Спировски.

 

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Стоилковски: Кога МВР постапувало за пукањето, имало претрес, одземен е калашниковот, или Сашо Тасевски уште ќе го гради пријателството?

Следно

Лекарска комора: Речиси 80 отсто од лекарите во земјава биле навредувани, малтретирани или удрени на работно место

Latest from Blog

Арсенал ја отвори сезоната во шампионски стил, Ковентри немаше шанси на „Емирати“!

Фото: ФЦ Арсенал/Фејсбук Арсенал го победи Ковентри со 3:0 во првото коло од новата сезона во Премиер лигата. Прашањето за победникот го решија Каи Хаверц, Букајо Сака и Мартин Одегард, додека гостите

Мелони: Верував дека со Трамп ќе биде полесно, но испадна поинаку

За време на разговорот, воден на италијански јазик во салон до нејзината канцеларија во Рим, Мелони понекогаш изгледаше смирена, а понекогаш борбена, во исто време духовита и решителна, според „Њујорк тајмс“. Во

Канали, гробишта, и септички јами како ризик фактор за справување со комарците

Регистрирани 43 случаи на западнонилска треска, 40 се лабораториски потврдени, додека три се суспектни. За разлика од претходните извештаи на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), за првпат има потврдени случаи во општините
Go toTop