ФОТО: ГЛУВЦИТЕ на ГЕРАСИМОВСКИ во ЦЕНТАР ги чистат службите на МАКСИМ од КУМАНОВО

October 23, 2025
1 min read

Невидена сцена се случила на детско игралиште во скопската населба Капиштец, каде 10-годишно дете било каснато од глушец додека си играло со други деца.

Инцидентот, кој резултирал со раскрвавен прст кај детето, доаѓа во време кога Скопје се соочува со огромна криза со ѓубрето, а јавното претпријатие „Комунална хигиена“ е под истрага.

Според извештајот, детето било каснато од глодарот среде игралиште.

Во отсуство на редовни услуги од „Комунална хигиена“, градоначалниците на дел од скопските општини веќе почнаа да организираат акции за чистење со сопствена механизација, обидувајќи се барем делумно да ја санираат состојбата.

Но, по се изгледа ситуацијата во Општина Центар е повеќе од алармантна, па така денес излеговме на терен со цел да се увериме во каква состојба е ЦЕНТАРОТ на метрополата.

Се упативме онаму каде што мислевме дека е најчисто, односно би требало да е најчисто, а тоа е КЛИНИЧКИОТ ЦЕНТАР „МАЈКА ТЕРЕЗА“, но бевме поприлично изненадени кога спроти Клиниката за гинекологија имаше толку многу ѓубре, небаре не се чистело со децении.

Но, она што забележавме исто така е уште една работа која не и оди во прилог на општинската власт и на нејзиниот актуелен градоначалник Горан Герасимовски кој повторно бара доверба од центарци на локалните избори.

Наидовме на камион-ѓубретарка со кумановски регистарски таблички, па зарем Герасимовски дојде до степен проблемот со ГЛУВЦИТЕ да му го решава Максим од Куманово?!

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Нови проблеми за Слот: Се повредија Фримпонг и Исак

Следно

Најнестабилните хороскопски знаци

Latest from Blog

Повеќе од 30 лица се обвинети за нелегално коцкање, меѓу нив и играчи и тренери на НБА

Американските федерални обвинители денес објавија дека поднеле обвиненија во два одделни случаи поврзани со нелегално коцкање против повеќе од 30 лица, вклучувајќи сегашни и поранешни играчи и тренери на НБА. Меѓу уапсените

Порше го најави новиот Макан ЕВ ГТС

Порше ја прошири својата линија на електрични џипови со доаѓањето на Порше Макан ЕВ ГТС 2026 година, позиционирајќи го помеѓу моделите 4С и Турбо. Под хаубата, Макан ЕВ ГТС има двоен електро-мотор

Грозданов: Само со обединување и заедничка работа може да се обезбеди подобра иднина за Кочани

Владко Грозданов, кандидат за градоначалник на општина Кочани од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, денес гостуваше во „Тема на денот“ на телевизија Сител. Грозданов посочи дека постигнувањето на цензусот е доказ за достоинството и

Трамп: Израел ќе ја изгуби целата поддршка од САД ако го анектира Западниот Брег

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека Израел ќе ја изгуби „целата поддршка“ од САД ако се обиде да продолжи со анексијата на окупираниот Западен Брег. „Тоа нема да се случи. Нема
Go toTop