ВЛЕН: Лажниот патриотизам повеќе не поминува кај Албанците

October 23, 2025
1 min read

Коалицијата ВЛЕН реагира на обидите на, како што велат, „разбиената и дезориентирана ДУИ“ да ги претстави локалните избори од 19 октомври како парламентарни, оценувајќи дека тоа е доказ дека овој коалициски блок не изгубил само гласови, туку и контакт со реалноста.

„Овие избори беа локални. Токму тука, Албанците зборуваа појасно од кога било – избраа промена, избраа ВЛЕН. Во повеќе од десет општини, граѓаните им го доверија гласот на новата енергија, на луѓе што работат, а не се кријат зад лажен патриотизам кога немаат што да им понудат на луѓето. Тие ја избраа политиката на резултати, а не политиката на страв“, се наведува во соопштението.

Од ВЛЕН додаваат дека „ниту телевизиските интерпретации со превртени фигури“ не можат да го изменат фактот дека движењето ја покрива целата политичка карта на Албанците во Македонија.

 

„Тоа е единствената карта што вреди – картата на слободната волја на граѓаните“, порачаа од ВЛЕН.

Во реакцијата се спомнуваат и изјавите на Арбер Адеми, Блерант Рамадани и Кренар Лога, кои, според ВЛЕН, „со имагинарни графикони за идни пратеници кои никогаш нема да ги видиме“, само ја покажуваат паниката што владее во редовите на АКИ.

„Тие сè уште не ја разбрале пораката на народот – време е за реформи, не за бајки за да ги држите вашите милитанти будни“, стои во реакцијата.

Од ВЛЕН потсетуваат дека четири дена по изборите, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, не се појавил јавно. „Можеби сè уште чека да му ги соопштат резултатите од ‘референдумот’. На Адеми, Рамадани и Лога им посакуваме што почести јавни настапи – секој пат кога зборуваат, ДУИ губи по илјада гласа. А ние, искрено, немаме ништо против“, завршува соопштението на ВЛЕН.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Северна Кореја тестира хиперсонични ракети: Може да ја избегне воздушната одбрана

Следно

Нови проблеми за Слот: Се повредија Фримпонг и Исак

Latest from Blog

Јубилејно 40. издание на „Макфест“ од вечерва во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип

Од 23 до 25 октомври 2025 година во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип ќе се одржи јубилејното 40-то издание на фестивалот „Макфест“ – најпознатиот фестивал на забавни мелодии во Македонија.

(Видео) Верска одмазда или само пресуда: МАЛОЛЕТНИК ВО БРИТАНИЈА ОСУДЕН НА ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР

Европските држави, особено најголемите и најбогатит кај кои има најголем прилив, легален и илегален, на мигранти се соочуваат со чести насилства од мигрантите кон домицилното население, па и со убиства што предизвика

Виенски институт: Економскиот раст на Србија оваа година е два проценти, најнизок во Западен Балкан

Во анализата се опфатени 23 држави, јавија српски медиуми. Шесте земји од Западен Балкан имаат просечен раст на бруто домашниот производ (БДП) од 2,5 проценти во 2025 година и 3,4 проценти во
Go toTop