Eвропски „котел“ е БАЛКАНОТ, рече британскиот премиер по санкциите за бандите од КОСОВО И ХРВАТСКА

October 23, 2025
1 min read

Британскиот премиер Кир Стармер го опиша Западен Балкан како европски „котел“, отворајќи го денеска самитот во Лондон, кој е главно фокусиран на решавање на предизвикот со миграцијата, објави Радио Слободна Европа (РСЕ).

Британија им воведе санкции на криумчарите од Балканот, на удар бандите од Косово и шверцерите од Хрватска

Британскиот премиер беше домаќин на лидерите на шесте земји од Западен Балкан – Македонија, Црна Гора, Србија, Албанија, Босна и Херцеговина и Косово, додека Велика Британија се обидува да се договори за понатамошни мерки за намалување на бројот на мигранти кои доаѓаат нелегално.

– Велика Британија во моментов е во преговори со некои од земјите од регионот за отворање на таканаречени „центри за враќање“ каде што Велика Британија би можела да ги испрати одбиените баратели на азил пред да бидат депортирани.

„Регионот е опишан како раскрсница на Европа, но толку често бил и искушение на Европа – котел каде што безбедноста на нашиот континент се става на тест“, рече британскиот премиер.

Стармер додаде дека разговорите ќе се фокусираат на безбедноста, миграцијата и економскиот раст, а лидерите ќе разговараат за тоа како да се спротивстават на „малигното влијание“ на Русија, како и за искоренување на корупцијата и заедничките миграциски прашања.

„Западен Балкан долго време е витална транзитна рута за криминалните банди на шверцерите. Не сакате да ги видите овие банди како дејствуваат на вашата територија, а сите ние ги трпиме последиците од нивните постапки“, рече Стармер.

Берлинскиот процес е дипломатска иницијатива започната во 2014 година од тогашната германска канцеларка Ангела Меркел, со цел да ги приближи земјите од регионот кон Европската Унија.

Меѓу учесниците на Самитот во Лондон се премиерите на Албанија Еди Рама, претседателот на Советот на министри на БиХ Борјана Кристо, премиерите на Црна Гора Милојко Спајиќ, на Косово Албин Курти,  на Македонија Христијан Мицкоски и на Србија Ѓуро Мацут.

Заедно со нив, на самитот во Лондон британскиот премиер ги пречека и претставниците на Германија, Франција и другите членки на ЕУ, додека британскиот крал Чарлс III организираше прием за учесниците.

Самитите на Берлинскиот процес се одржуваат еднаш годишно, а последниот беше во октомври 2024 година во Берлин.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Дакота Џонсон на прашањето зошто носи проѕирни фустани: Зашто можам и ми е забавно (ФОТО)

Следно

Рубио предупредува: Плановите на Израел за Западниот Брег се закана за прекин на огнот

Latest from Blog

Проданоски: Нека ни е честит 23 Октомври – денот на македонската револуционерна борба

Новoизбраниот градоначалник на општина Прилеп, Дејан Проданоски, по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, упати честитка до граѓаните, истакнувајќи дека овој ден е симбол на почетокот на организираната борба

Светска уметничка повторно ја тужи Тејлор Свифт: Таа ги бара сите приходи од хитовите

Уметничка од Флорида, Кимберли Мараско, побарала од судот да им наложи на светската музичка ѕвезда, пејачката Тејлор Свифт и на другите обвинети да се откажат од своите заработки од песни за кои таа тврди

На атинското пристаниште откриени 39 килограми кокаин во вредност од над еден милион евра

Контејнерот од Еквадор содржел 1.080 кутии банани, а во надворешниот механизам за ладење биле скриени 34 импровизирани пакувања со запленетиот кокаин. Случајот бил откриен по соодветни акции и искористување на информациите од
Go toTop