Денес е Светиот апостол Јаков

October 22, 2025
1 min read

Светиот апостол Јаков

Син Алфеев и еден од Дванаесетте големи апостоли. Роден брат на евангелистот Матеј. Сведок на словото на вистината и на чудата на нашиот Господ и Спасител Исус Христос, сведок на Неговото страдање, Воскресение и Вознесение.

По слегувањето на Светиот Дух на Педесетница, на апостолот Јаков му падна во дел да го проповеда Христовото Евангелие во Елефтеропол и околните места, потоа во Мисир, каде што и пострада за својот Спасител. Со голема сила и на збор и на дело Св. Јаков ја разнесуваше благовеста за воплотениот Бог Слово, уривајќи го идолопоклонството, од луѓето изгонувајќи ги демоните, лечејќи секаква мака и болест со името на Господ Исус Христос.

Неговиот труд и неговата ревност беа крунисани со голем успех. Многумина незнабожци поверуваа во Господа Христа, се основаа и устроија цркви, беа поставени епископи и свештеници. Пострада во Мисир, во градот Острацин, распнат на крст од незнабожците.

Така овој голем и прекрасен апостол се пресели во Небесното Царство, за со Царот на славата да царува бесмртно.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено и по наместа влажни коловози

Следно

Перу прогласи вонредна состојба, војската излегува на улиците

Latest from Blog

Генерален секретар на ОН: Глобалното затоплување ја турка Земјата кон пропаст

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, во средата предупреди дека глобалното затоплување ја турка Земјата во уште поголема опасност и ги повика земјите да воспостават системи за предупредување од катастрофи за

Бојковска: Градот Скопје не ги извршува надлежностите коишто ги има, извршен е инспекциски надзор над Комунална хигиена

„Погубно е главниот град да биде, буквално може да кажам, затрупан со ѓубре и со смет. Ситуацијата е веќе апокалиптична, тоа што го гледаме на терен е неодговорно и буквално за срам.

Монитор на малцинствата при Федералната унија на европски националности: Помеѓу законот и реалноста – Борбата на Македонското малцинство во Албанија

Најновиот придонес во Монитор на малцинствата се фокусира на состојбата на Македонското национално малцинство во Албанија и долгогодишните напори на ФУЕН за обезбедување заштита на нивните права. Статијата се потпира на шест
Go toTop