Венс: Доколку Хамас не се разоружа, ќе го уништиме

October 21, 2025
1 min read

Американскиот потпретседател Џ.Д. Венс кој денеска пристигна во Израел и зборуваше за постигнатото примирје меѓу Хамас и Израел, вечерва изјави дека верува оти тоа ќе се одржи.

Потпретседателот рече дека „секој има улога“ во однос на тоа кои земји ќе придонесат со мировни сили во Газа, но дека одлуката на крајот е на премиерот Бенјамин Нетанјаху.

„Она што го видовме минатата недела ми дава голема надеж дека примирјето ќе се одржи. Со оглед на историјата на конфликтот, мислам дека сите треба да бидеме горди на тоа каде сме денеска. Многу сум оптимистичен. Може ли да кажам со 100 проценти сигурност дека ќе функционира? Не“, рече Венс.

Тој ја нагласи улогата на израелската Влада во спроведувањето на мирот.

„Благодарение на нашите партнери, и во Израел, но и низ арапските држави од Персискиот Залив, Индонезија и Турција, тука правиме неверојатна работа. Кои војници ќе бидат на терен во Израел ќе биде прашање за кое Израелците мора да се согласат. И сигурен сум дека премиерот Нетанјаху ќе има мислење за тоа. Но, мислиме дека секој има улога тука“, рече Ванс.

Венс, исто така, нагласи дека локацијата на некои тела на мртви затвореници во Газа е непозната, наведувајќи дека прашањето е „тешко“ и нема да се реши преку ноќ.

„Фокусот на сите тука е да ги вратат тие тела во домовите на нивните семејства за да им се овозможи пристоен погреб. Некои од овие заложници се закопани под илјадници килограми урнатини. За некои од заробениците, никој дури и не знае каде се. Тоа не значи дека не треба да работиме на нивно пронаоѓање. И тоа не значи дека немаме доверба дека ќе го сториме тоа. Тоа е само причина да бидеме трпеливи“, рече Ванс.

Тој, исто така, рече дека САД ќе го „збришат“ Хамас доколку не се разоружа.

„Доколку Хамас не се придржува до договорот, ќе се случат многу лоши работи. Но, нема да го направам она што претседателот на САД досега одбиваше да го направи, а тоа е да поставам експлицитен рок, бидејќи многу работи се тешки. Многу работи се непредвидливи“, рече Венс.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Ештон Кучер: Поради својата убавина не добивав улоги кои што ги сакав

Следно

Најмалку 35 лица загинаа во експлозија на цистерна за гориво во Нигерија

Latest from Blog

Денес е Светиот апостол Јаков

Светиот апостол Јаков Син Алфеев и еден од Дванаесетте големи апостоли. Роден брат на евангелистот Матеј. Сведок на словото на вистината и на чудата на нашиот Господ и Спасител Исус Христос, сведок

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено и по наместа влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања

Се враќа Роки, но без Сталоне- прв пат се појави актерот што ќе го замени (ВИДЕО)

Студиото Amazon MGM ја откри првата фотографија од актерот Ентони Иполито, познат по серијата „Понудата“, во улогата на младиот Сталоне во филмот „Јас го играм Роки“. Станува збор за биографска драма што

По жестоките протести: Ла Лига го откажа мечот меѓу Виљареал и Барса во САД

Ла Лига го потврди откажувањето на натпреварот Виљареал – Барселона кој требаше да се одигра во САД. Во соопштението објавено, Ла Лига вели дека по разговорите со организаторот на официјалниот натпревар во
Go toTop