Фото: Во Белград уништен мурал на Ѓоковиќ

October 21, 2025
1 min read

 Делото на уметникот и активист Андреј Јосифовски, познат како Пијанистот, беше инспирирани од познатото „пумпање“ на Новак за време на овогодинешниот Вимблдон.

На муралот што го прикажува Ѓоковиќ во момент на карактеристична гестикулација и енергија, имаше натпис: „ПУМПАЈ, ПУМПАЈ, зошто застана!?“

Во текот на ноќта истурило црна боја врз муралот, а авторот Андреј Јосифовски објави за инцидентот на социјалните мрежи, јавија белградските медиуми

„Замислете го тој голем патриЈот во портокалова јакна со капа, кој се прикрадува ноќе, потоа стои пред Новак (ЕЈ НОВАК!) – го гледа во очи и му фрла боја по лицето и телото. Тоа е фина срБска младина човек од кафезот кој сака да научи да црта графити. Одамна го освоивме врвот на дното, но продолжуваме во стартосВерата. Не грижи се, брате мој @djokernole – одмаздата ќе следи, но без маска, среде ден, онака како што го правиме тоа“, напиша Јосифовски со фотографија од оштетениот мурал.“

Муралот беше создаден како почит кон енергијата и борбеноста на Новак на Вимблдон, каде што за време на натпреварот ја подигна атмосферата и ја мотивираше публиката со своето познато „пумпање“.

Ѓоковиќ неодамна привлече големо внимание надвор од спортските терени, бидејќи јавно ги поддржа студентите кои бараат одговорните за трагедијата во Нови Сад да бидат гонети, кога 16 лица загинаа при падот на бетонската настрешница.

По таа поддршка, Ѓоковиќ се најде на удар од дел од јавноста, а турнирот „Србија Опен“ мораше да се премести од Белград во Атина. 

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Лига Шампиони: Спектакл во Лондон, шампионот на гости кај Леверкузен, Наполи и Елмас на мегдан со ПСВ

Следно

Тоневски најави нова ера на стабилност во Советот на Пробиштип

Latest from Blog

Се враќа Роки, но без Сталоне- прв пат се појави актерот што ќе го замени (ВИДЕО)

Студиото Amazon MGM ја откри првата фотографија од актерот Ентони Иполито, познат по серијата „Понудата“, во улогата на младиот Сталоне во филмот „Јас го играм Роки“. Станува збор за биографска драма што

По жестоките протести: Ла Лига го откажа мечот меѓу Виљареал и Барса во САД

Ла Лига го потврди откажувањето на натпреварот Виљареал – Барселона кој требаше да се одигра во САД. Во соопштението објавено, Ла Лига вели дека по разговорите со организаторот на официјалниот натпревар во

Брзото губење на заби кај повозрасните може да биде предупредувачки знак

Нова студија објавена во списанието Science Alert открива значајна врска помеѓу брзината на губење на забите во постара возраст и зголемениот ризик од смрт. Истражувањето укажува дека губењето на заби не е

Ѓорѓиевски и Митески разговараа за идеите, потребите и визијата за достоинствен Аеродром

Заедно со Орце Ѓорѓиевски, остваривме искрени и топли средби со граѓаните на неколку локации низ Аеродром – зад Капитол, на Детската улица во Ново Лисиче и во Парк Бановина, истакна кандидатор за
Go toTop