Ова медитеранска комбинација на вкусови ќе ве освои со свежината на лимонот, аромата на босилекот и кремастиот сос што совршено го надополнува сочното пилешко месо. Лесно се приготвува, а впечатокот што го остава – е феноменален.
Состојки:
- 500 грама пилешки стек (пилешко филе)
- 1 лажица маслиново масло
- 2 чешниња лук (ситно сечкан)
- 200 мл неутрална павлака за готвење
- Сок и кора од 1 лимон
- Една рака свеж босилек (или 1 лажичка сув)
- Сол и бибер по вкус
- 1 лажичка мед
- 1 лажица пармезан (по желба)
Подготовка:
Пилешкото месо исечете го на тенки шницли, посолете и побиберете.
Загрејте маслиново масло во тава и пржете го месото од двете страни додека не добие златна боја. Извадете го и оставете го на страна.
Во истата тава додадете го лукот и кратко пропржете (внимавајте да не загори).
Додадете ја павлаката за готвење, сокот и кората од лимонот, како и медот. Измешајте.
Вратете го пилешкото во тавата, додадете го босилекот и гответе 5–7 минути на тивок оган.
По желба, додадете пармезан за побогат и погуст сос.
Послужување:
Послужете го јадењето со варен ориз, тестенини или пире од компири. Декорирајте со парче лимон за елегантен изглед и листови бослок или магдонос.
Извор: kurir.mk