Костовски ја започнува големата градежна офанзива во Љуботен: По 27 години, се реконструираат сите главни улици!

October 16, 2025
1 min read

Градоначалникот на општина Бутел и воедно кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за втор мандат, Дарко Костовски, информираше за започнување на нова фаза на инфраструктурни работи во населбата Љуботен.

„Токму што ја започнавме изградбата на втората главна улица во Љуботен. Ќе реализираме целосна реконструкција на дел од улицата број 3, а само пред неколку дена ја завршивме улицата број 1“, напиша Костовски на својот Фејсбук-профил.

Костовски истакна дека со овие проекти, првпат од 1998 година, се реализира целосна реконструкција на главните улици во Љуботен.

Тој додаде дека паралелно се одвиваат со висок интензитет и работите на водоводната мрежа, со која Љуботен ќе се снабдува со вода за пиење од градскиот систем.

„Нека биде со среќа!“, заврши Костовски, упатувајќи повик до жителите на Љуботен да го поддржат на изборите со заокружување на бројот 9️⃣

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Димитровски: На Чаир му треба план, а ние имаме и тоа со 9 темели

Следно

Младата Месечина во Вага на 21 октомври носи драматични промени за 3 хороскопски знаци

Latest from Blog

Девојка е алергична на вода- потење и туширање ѝ предизвикуваат болка и осип (ВИДЕО)

Првите симптоми се појавиле пред десет години, додека сè уште пливала, а со текот на времето осипите се појавувале по секое туширање или вежбање, објави Мирор. Почетокот на проблемот „Стигна до точка

Мицкоски: Очекувам голема победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, ДУИ продолжува со политика на поделби

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во вечерашното гостување во поткастот „Проверитас“, истакна дека очекува убедлива историска победа на кандидатите за градоначалници кои доаѓаат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, а бројката смета дека ќе

Ѓорѓиевски од митинг во Гази Баба: „Ќе ја вратиме довербата во градската власт“

На голем собир во Гази Баба, кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и актуелниот градоначалник и кандидат за нов мандат Бобан Стојановски, добија масовна поддршка од граѓаните под мотото „Со Бобан,
Go toTop