Целта е да се истакне важноста на заедничката акција за создавање поодржливи системи за храна и заштита на природните ресурси.
По повод јубилејот, во Паркот на Франкофонијата во Скопје ќе се засадат дрвја како симбол на заедничката заложба за зелена и одржлива иднина. Настанот ќе вклучи фотографска изложба што ја прикажува работата на ФАО во изминатите 80 години, креативни активности за деца и млади, како и можност за учесниците да остават лични пораки за одржлива и подобра иднина.
Извор: vecer.mk