Здравствениот дом „Нада Михајлова“ во Пробиштип го доби најсовремениот ултразвучен систем

October 15, 2025
1 min read

Во Здравствениот дом „Нада Михајлова“ денеска беше презентиран новиот специјализиран ултразвучен (ехо) дијагностички систем, набавен со средства обезбедени од Фондот за здравствено осигурување на Македонија.

Посетата на установата ја извршија директорот на Фондот за здравствено осигурување, г. Сашо Клековски и заменик-министерот за здравство, г. Јовица Андовски, кои заедно со директорот на Здравствениот дом, д-р Маријан Миленковски, го презентираа новиот апарат со најсовремени стандарди и технологии во дијагностиката.

Овој ултразвучен систем претставува најнова генерација на медицинска опрема, која располага со три сонди – конвексна, линеарна и кардиолошка, овозможувајќи врвна прецизност при кардиолошки, интернистички и невролошки прегледи.

 

„Ова е историски ден за Пробиштип. Ваква инвестиција во здравството – со технологија од највисок ранг и директна корист за пациентите – досега не сме имале,“ истакна д-р Миленковски, додавајќи дека во наредните месеци ќе се одржат и сертифицирани обуки за лекарите специјалисти, со цел професионално и ефикасно користење на новата опрема.

Дополнително, во тек е и испораката на дигитализер за рендген апаратот, кој ќе овозможи дигитални прецизни рендгенски слики и значително пократко време на обработка на резултатите. Новата технологија ќе биде инсталирана и ставена во функција во текот на следниот период.

Овие набавки се дел од континуираните напори за модернизација на здравствената инфраструктура и подобрување на условите за работа на медицинскиот персонал, но и за обезбедување поквалитетни, побрзи и подостапни здравствени услуги за сите граѓаните на Пробиштип.

„Фондот продолжува со конкретни инвестиции во здравството во сите општини, затоа што секој граѓанин заслужува современа и навремена медицинска услуга,“ изјави директорот Клековски.

Со оваа набавка, Здравствениот дом „Нада Михајлова“ станува еден од технолошко опремените домови на примарно здравство во источниот регион – уште една потврда дека со одговорно и домаќинско управување, здравството во Пробиштип оди напред.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Хегсет побара од сојузниците на НАТО да обезбедат повеќе средства за американско оружје за Киев

Следно

Божиновска: АФД официјално партнер на Инвестициската платформа за енергетска транзиција

Latest from Blog

Нова хакерска закана за корисниците на Android телефони

Истражувачите предупредуваат за безбедносен пропуст што им овозможува на апликациите да „гледаат“ што се прикажува на екранот, дури и без посебни дозволи. Истражувачите од Универзитетот во Калифорнија, Вашингтон и Карнеги Мелон открија

Ѓорѓиевски: Аеродром ќе стане пример за современа општина

Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на Скопје, вчера вечер одржа голем собир во општина Аеродром, исполнет со млади, семејства и горди граѓани, ветувајќи темелни промени и ред во градот. Ѓорѓиевски потенцира дека

ЗНАМ Куманово: Очајни обиди на СДСМ Куманово за ситни политички поени

Движење ЗНАМ-За Наша Македонија, Куманово, на денешната прес-конференција, денеска ги отфрлија како невистинити и „политикантски“ обидите на СДСМ за случајот во кумановски Средорек. Од ЗНАМ Куманово кажаа дека вистината е поинаква. –

Анализа на Шеталиште.мк: Битолската кампања под лупа – Кога политичките грешки се прифатливи, а кога не

Во текот на изминатата недела, битолската јавност беше сведок на серија настани и остри реакции во рамки на предизборната кампања, кои повторно го отворија прашањето за односот кон медиумите, јавната одговорност и

Јасна победа за Меџити: Чаир се мобилизирал масовно (ВИДЕО)

Во општина Чаир вечерва се одржува голем митинг на коалицијата ВЛЕН, на кој присуствуваат илјадници граѓани што испратија силна порака на поддршка за кандидатот за градоначалник Изет Меџити. Настанот сè уште трае,
Go toTop