Моделот Бела Хадид зборуваше за својата борба со анксиозност и депресија и им се обрати на сите што се соочуваат со ист или сличен проблем.
Хадид сподели серија мотивациски цитати, од кои еден гласеше:
„Кога товарот станува претежок и иднината изгледа мрачна, во ред е да одвоите момент за себе – ако чувствувате дека сте ја изгубиле искрата. Кога чувствувате дека сте надвор од сопственото тело, не можете да го прифатите она што се случува – не мора секогаш да наоѓате убавина во сè. Понекогаш, кога работите стануваат застрашувачки, се вклучува режимот на преживување и се фокусираме само на она што мораме, бидејќи тоа е борба – потонете или пливајте. Сè друго е заборавено, бидејќи само сакате да се чувствувате безбедно, а можеби не можете да се концентрирате на ништо друго. Забавете и длабоко вдишете. Не фокусирајте се на иднината. Понекогаш „што ако“ се премногу застрашувачки. Само фокусирајте се на она што го правите сега – само дишете.“
Заедно со нив, таа сподели и опис во кој ја опиша својата борба, што ја остави со „длабоко чувство на срам“.
Извор: vecer.mk