Божиновска: Концесијата за „Пискупштина“ раскината поради прекршување на законот

October 14, 2025
1 min read

На последната седница, Владата, на предлог на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, еднострано ја раскина концесијата за рудникотза експлоатација на јаглен на локалитетот „Пискупштина“ во Струга. Истовремено, констатиран е престанок на важењето на уште четири концесии кои се истечени.

Одлуките следат по сериозни пропусти на концесионерите во исполнувањето на законските обврски. Во случајот „Пискупштина“, инспекцискиот надзор утврди дека концесионерот вршел експлоатација надвор од дозволеното поле, што претставува директно прекршување на договорот и законот. Жалбите од жителите на селото Пискупштина доведоа до детален инспекциски надзор од страна на Државниот инспекторат за енергетика и рударство, кој ја потврди неправилноста.

Ова е втора еднострана раскината концесија за само неколку недели. Претходно беше донесена одлука и за раскин на концесијата за експлоатација на варовникот „Лавинчеви“ во Општина Гази Баба.

Компанијата не обезбедила минимална експлоатација од 20% – односно 25.000 тони годишно – и за три години практично нема активност, а не е исплатен ниту концесиски надоместок. Долгогодишниот прекин на активностите и непочитувањето на законските обврски беа потврдени со вонреден инспекциски надзор.

Министерството и Владата испраќаат јасна порака: секое несовесно користење на природните ресурси ќе се санкционира, а заштитата на јавниот интерес и безбедноста на граѓаните е приоритет. Сите надлежни институции се известени за понатамошни мерки, а одговорното и одржливо управување со природните ресурси останува стратешка цел на државата.

– Владата и Министерството нема да толерираат несоодветно користење на природните ресурси, а здравјето и безбедноста на граѓаните остануваат на прво место – нагласи министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Војската ја презеде власта во Мадагаскар

Следно

Ѓуровски: На Пикси му пресуди тврдоглавоста, Милојевиќ е најдобар избор за селектор

Latest from Blog

Новиот албум на Тејлор Свифт урива рекорди- ја надмина Адел, па дури и себеси (ВИДЕО)

Нејзиниот 12-ти студиски албум, „Животот на шоугерл“, се продаде во четири милиони примероци во Соединетите Држави за само една недела по објавувањето, соборувајќи го рекордот што го држеше Адел речиси десет години,

Копал за да најде црви, кога открил огромно богатство- 6 килограми сребро, старо илјада години

Сепак, наместо овие суштества, тој ископал нешто многу поголемо од земјата. Пронашол бакарен котел со едно од најголемите сребрени богатства откриени некогаш во Шведска. Откритието тежи 6 килограми, а меѓу пронајдените предмети

СП: Србија со пресврт ја совлада Андора, Англија и Италија убедливи

Репрезентацијата на Србија конечно оствари победа и ја совлада храбрата Андора со 1:3 во вечерашниот натпревар од квалификациите за СП. Фудбалерите предводени од Зоран Мирковиќ одиграа добар натпревар и ја продолжија битката

Се запали автобус во Индија, загинаа најмалку 19 лица

Најмалку 19 лица загинаа попладнево во западната индиска држава Раџастан кога автобус се запали, објавија индиските медиуми, повикувајќи се на полициски извори. Според NDTV, автобусот превезувал 57 патници на рутата помеѓу Џајсалмер

Стојкоски: Исполнета желбата на учениците од ОУ „Тихомир Милошевски“, нова подлога на терените за кошарка и фудбал

„Сакаме подлога“, графит испишан во училиштето „Тихомир Милошевски“ во Општина Ѓорче Петров со кој учениците бараа подобри услови на спортските терени. Градоначалникот на општината и кандидат за нов мандат, Александар Стојкоски вечерва
Go toTop