Нуркач случајно снимил моќен предатор и ги шокира научниците: Не сме го виделе 20 години

October 13, 2025
1 min read

Нуркачот Чарлс Худ ги проучувал сините ајкули, во близина на брегот на градот Пензанс, кога одеднаш се нашол „очи во очи“ со претставник на семејството Полиприон, објави Мирор.

„Многу ретко ги гледаме“

Присуството на овој вид во близина на брегот предизвика бројни шпекулации кај научниците, а некои веруваат дека тоа би можело да биде уште еден показател за климатските промени.

„Многу ретко ги гледаме, бидејќи живеат длабоко во морето. Понекогаш рибарите ги вадат. Гледањето примероци на површината е исклучително невообичаено“, рече Чарлс Худ.

Тој додава дека снима ајкули во локалните води повеќе од 20 години, но дека никогаш порано не се сретнал со овој вид.

Тие можат да живеат до 100 години

Транстот за диви животни Корнвол потврдува дека ова е невообичаена појава, објавува Мирор.

„Повеќето луѓе никогаш нема да ја видат бидејќи не се приближува до брегот – претпочита длабока вода“, се вели во него.

Овој вид, кој изгледа како да потекнува од праисторијата, може да живее до 70 години и да достигне должина до два метра.

„Фасцинантно е што се случува во водите околу југозападниот брег“, додаде организацијата во соопштението.

Што има на менито?

Полиприоните се украсени со импозантна градба, набиено тело и голема глава со истакната долна вилица. Тие оставаат впечаток на моќни предатори.

Во менито е сè што можат да уловат во нивното длабоко живеалиште – други риби, лигњи, сипи и октоподи, а нема да одбијат дури и поголеми ракови.

Просечните примероци обично тежат помеѓу 20 и 30 килограми.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Зидан си кажа: Фудбалер кој буди најголеми емоции кај мене е…

Следно

„Ете, си замина.“- Синот на Халид одржа краток говор, на гробот цитираше зборови од песна на татко му (ВИДЕО)

Latest from Blog

Камион удрил двегодишно дете- родителите подготвувале погреб, кога наеднаш се случило чудо (ФОТО)

Двегодишниот Оливер Стауб, момче за кое лекарите му рекле дека нема да преживее, но кое денес ги движи рацете, нозете и шири љубов кон сите околу него. Неговите родители, Лаура и Стефан,

Мицкоски до Филипче: Во Струмица ли најде да зборуваш за морал, додека во прв ред беше Заев кој ја распродаде Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се обрати од вечерашниот митинг одржан во општина Велес, во рамки на изборната кампања под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, за претстојните

Заработува 70.000 фунти неделно, а страв му е да си купи автомобил или патики!

фото: Liverpool FC (X) Ибрахим Конате, Францускиот стопер на шесткратниот европски шампион, кој моментално заработува 70.000 фунти неделно, откри дека бил „преплашен од трошење на сопствени пари“ кога пристигнал во елитниот фудбал.

Тоневски: Земјоделството е двигател на нашиот локален развој

Кандидатот за градоначалник на општина Пробиштип, Тони Тоневски, оствари средба со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, како и со група земјоделци од општината. На состанокот се разговараше за актуелните
Go toTop