Тоневски: Ќе изградиме нов градски базен во Пробиштип

October 12, 2025
1 min read

Нашиот Пробиштип уште од поставувањето на темелите се градел во визија- урбан и модреден град. Пробиштип е еден од првите градови со свој базен, место каде што растеа генерации, се раѓаа пријателства и се создаваа најубавите летни спомени, рече Тони Тоневски, кандидат за градоначалник на општина Пробиштип.

Место полно со живот, не е случајно што токму Пробиштип беше првиот град што доби Аква парк во Македонија. Ние секогаш сме чекор напред, со отворено срце и јасна цел- подобар живот за сите нас. Водени од љубовта кон нашиот град и заложбите за подобра спортска и рекреативна иднина, во следниве четири години Пробиштип ќе добие нов модерен градски базен. Базен за сите, од најмалите до највозрасните. Простор за рекреација, пливачки школи, летна забава и здрав живот. Затоа што Пробиштип може, Пробиштип знае како и најважно Пробиштип сака, истакна Тоневски.

За секое дете што ќе научи да плива, за секој спомен што допрва ќе го создадеме. За тебе, за твоето место, за твојата иднина, порача Тоневски.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Коњановски: 80 години Пелистер – 80 години битолски дух и традиција

Следно

Оставаат сè за утре: Хороскопски знаци кои сакаат да ги одложуваат обврските

Latest from Blog

Почина Дајан Китон

Китон починала во Калифорнија, а нејзините најблиски побарале приватност, изјави семеен портпарол за медиумот. Глумицата стекна светска слава во 1970-тите со улогата на Кеј Адамс во трилогијата „Кум“, како и со своите

Њујорк: Градот на фасади што зборуваат, архитектонски спектакл и визуелна енциклопедија на стилови

Од стаклените облакодери до циглестите фасади со пожарникарски скали што се симнуваат до тротоарот – секоја зграда во Њујорк носи свој ритам, приказна и идентитет. Нивната разновидност ја одразува глобалната душа на

Тухел до своите репрезентативци: Местото во репрезентацијата на никого не му е гарантирано

Репрезентацијата на Англија е на пат да обезбеди нов пласман на Мундијалите овојпат на оној во САД, Мексико и Канада следната година. Селекторот Томас Тухел одлично се снајде на позицијата, јавноста на
Go toTop