Кандидатот за градоначалник на општина Пробиштип, Тони Тоневски, најави изградба на нов, модерен градски базен кој ќе го врати симболот на летото, радоста и детството во градот.
„Пробиштип беше еден од првите градови со свој базен – место каде што растеа генерации, се раѓаа пријателства и се создаваа најубавите спомени под сонцето. Време е повторно да го вратиме тој дух и да отвориме ново поглавје за сите наши сограѓани“, истакна Тоневски.
Новата современа база ќе биде наменета за сите возрасти – од најмалите кои учат да пливаат, до повозрасните кои бараат простор за релаксација и дружење. Според Тоневски, проектот ќе биде место на заедништво, здравје и нови спомени што ќе ги поврзат генерациите.
„Ова не е само инфраструктурен проект, туку инвестиција во нашето секојдневие, во квалитетен живот и во иднината на нашите деца. Пробиштип заслужува место каде повторно ќе се слуша смеа, радост и енергија“, порача Тоневски.
Тој додаде дека граѓаните на 19 октомври имаат шанса да направат „вистински избор“ – за себе, за своето место и за својата иднина.