Борко Ристовски ја започна долгочекуваната реконструкција на спортската сала во УКИМ

October 12, 2025
1 min read

Министерството за спорт ја отпочна најавената реконструкција на спортската сала во кампусот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во соработка со ректоратот на УКИМ, како дел од програмата за изградба и санација на спортската инфраструктура. Инвестицијата за овој проект изнесува 54 милиони денари.

Салата, која е наменета првенствено за студентите, со години беше запуштена и нефункционална. „Ова не смее да биде лицето на спортот во Македонија!“, порача министерот за спорт, Борко Ристовски, по увидот во состојбата на објектот.

УКИМ подготви целосен проект за реконструкција и го достави до Министерството за транспорт и врски за одобрение. На почетокот на октомври годинава, Министерството за спорт ја отпочна тендерската постапка за избор на изведувач.

 

„Ветувањата имаат тежина само ако ги остварувате. Ветувањето за комплетна реконструкција и санација на спортската сала на УКИМ добива конкретна реализација“, истакна Ристовски.

Реконструкцијата ќе трае 15 месеци од денот на вовед во работа на изведувачот, а студентите наскоро ќе добијат комплетно нова и модерна спортска сала.

ВИДЕОТО може да го погледнете на Лидер.мк

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Лекорни: Повторно ќе поднесам оставка ако условите не бидат исполнети

Следно

ФИФА сака да и забрани на Барселона да игра меч во САД

Latest from Blog

Вучиќ: Албанците се нервозни бидејќи излезноста на Србите на локалните избори во Косово е поголема

Според него, Албанците од сите области – од Тирана, преку Приштина, до Прешево и Бујановац – „се опиени по синоќешната победа“ на албанската фудбалска репрезентација над Србија во Лесковац. „Би сакал прославата

Светското првенство нема да смени ништо: Бразил подготвува нов договор за Анчелоти

Фото: Brasil Football 🇧🇷@BrasilEdition X Италијанскиот тренер на Бразил, Карло Анчелоти, треба да потпише нов договор со петкратните светски шампиони до 2030 година. Планот е поранешниот менаџер на Реал Мадрид да остане

Тројца катарски дипломати загинаа во Египет на пат кон самитот за Газа

Тројца катарски дипломати загинаа во тешка сообраќајна несреќа во Египет, објави Асошиејтед Прес (АП), повикувајќи се на официјални лица во Каиро. Жртвите биле членови на протоколарната служба на катарското Министерство за надворешни
Go toTop