Од холестеролот зависи произведувањето на хормоните како естроген и тестостерон, создавањето витамин Д и варењето на храната.
Црниот дроб произведува голем дел од холестеролот, а останатиот дел го внесуваме преку исхраната. Проблемот настанува кога нивото ќе се зголеми повеќе од што му треба на нашето тело – тогаш тој се таложи во артериите и придвижува низа сериозни здравствени проблеми – зголемен притисок, атеросклероза и ризик за срцето.
Овесна каша – појадок којшто ја менува играта
Доколку сакате да го држите холестеролот под контрола, научниците имаат едноставен совет – внесете ја овесната каша во појадокот. Овесот содржи Б-глукан, специјален вид растворливи растителни влакна кои го „фаќаат“ холестеролот додека минува низ цревата и на тој начин го намалуваат неговото ниво во крвта.
Студиите покажуваат дека дневното внесување од само 3 грама од овие растителни влакна може да го намали лошиот холестерол за 5 до 7 отсто – резултат којшто може да се мери со благиот ефект од лековите, но без непосакувани нуспојави.
Што дава друго овесот?
Помага при слабеење затоа што дава чувство на ситост.
Содржи малку масти, но е богат со манган, бакар и железо.
Полн е со витамин Б комплекс, важен за енергија и нервниот систем.
На што да обрнете внимание
Не се сите овесни снегулки исти. Бирајте ги природните, минимално обработени овесни каши, а не инстант варијантите со дополнителни шеќери.
Исто така избегнувајте чинијата да ја преполните со засладувачи и многу сушено овошје, целта е здравјето на срцето, а не „бомба“ од калории.
Извор: kurir.mk