Овиедо му врачи отказ на Пауновиќ, нов тренер е Карион

October 10, 2025
1 min read
фото: Real Oviedo (X)

Шпански Овиедо денеска објави дека го отпушти својот досегашен тренер, 48-годишниот, Вељко Пауновиќ.

„Клубот им се заблагодарува на Вељко Пауновиќ и на неговиот тренерски штаб за нивниот професионализам, посветеност и посветеност. Под негово водство, тимот оствари промоција во Ла Лига – историско достигнување кое ќе остане врежано во сеќавањата на навивачите. Клубот му посакува успех во неговите идни напори“, се вели во соопштението на клубот.

Новиот тренер на тимот ќе биде 46-годишниот Шпанец Луис Карион. Последната работа на Карион беше во Лас Палмас, од каде што си замина пред една година (8 октомври 2024 година).

Пауновиќ го презеде Овиедо во март оваа година. Под водство на Србинот, тимот минатата сезона беше промовиран од Втора дивизија во Ла Лига, враќајќи се во Примера дивизија по 24 години отсуство. Овиедо претрпе шест порази во осум натпревари од стартот на сеозната во шпанската Ла Лига, освојувајќи само шест бода.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Трговската комора ја поздравува мерката за еднаков третман на компаниите

Следно

Ѓорѓиевски присуствуваше на одбележувањето на Денот на МАНУ

Latest from Blog

Меџити: Горди сме на мајсторите кои ја чуваат традицијата и духот на Чаир

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска ја посети златарската работилница „SM Gold“, каде што се сретна со мајсторите на златарството Мевлан Јакупи – Мефо и Самир Ибраими, кои со

Мицкоски до Филипче: Професионално ли е што судот на Марковски за стомилионски криминал му дава куќен притвор?

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се обрати од народниот митинг одржан во општина Богданци, во рамки на изборната кампања 2025 која е под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата

АПЛА.мк: Брендирано возило на кандидат за градоначалник блокира пешачка патека во Битола

Брендирано возило на кандидат за градоначалник на Битола денеска е затекнато паркирано на пешачка патека. Граѓанин кој ни ја испрати фотографијата вели дека патеката била зафатена со товорно возило со налепници во

Орце Ѓорѓиевски: Драчево ќе ужива во најновите филмски хитови блиску до дома

По две децении, Драчево повторно ќе добие свое кино, најави Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на Скопје. Најсовремената опрема веќе е готова, а првите проекции се очекуваат оваа есен во Домот на
Go toTop