Сиљановска-Давкова разговараше со претставници на „Habitat for Humanity International“ и на „Хабитат Македонија“

October 8, 2025
1 min read

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова денеска разговараше со претставници од САД на глобалната мрежа „Habitat for Humanity International“, како и со националниот директор на „Хабитат Македонија“, Зоран Костов и со претседателот на Управниот одбор, Драган Малиновски.

Таа, најпрво им ја честиташе дваесетгодишнината од основањето, посакувајќи им понатамошен успех во реализацијата на благородната идеја за градење свет во којшто секој ќе може да го оствари правото на пристојно живеење.

За неа, импресивна и инспиративна е нивната несебична заложба и неуморна работа насочена кон подигање на квалитетот на домувањето на сиромашните луѓе, неможна без волонтирање, застапување и подигање на јавната свест за поголема солидарност во развојот на заедницата.

„Ние, како и многу други држави мора да вложиме особен напор во унапредувањето на квалитетот на живеењето, секаде и за сите, ставајќи крај на супстандардните услови во некои средини, недостојни за живот“, смета претседателката.

Претставниците на „Habitat for Humanity International“, со љубов и страст зборуваа за своите ангажмани во справувањето со енергетската сиромаштија и гарантирањето стандарди во нејзиното користење ширум светот, потенцирајќи дека се трогнати од добрината, благодарноста и активноста на македонските граѓани.

Тие ја истакнаа незаменливата улога на невладините организации, како кредибилни партнери на овој план и укажаа на неопходноста од постојана и интензивна владино-невладина соработка во функција на остварување подобри резултати.

Македонските претставници ја презентираа својата досегашна работа, насочена кон овозможување инклузивен и одржлив развој на сиромашните средини, како ромските, но и други, со финансиска помош на ЕУ.

Тие ги посочија активните проекти во повеќе од 30 општини, како и пионерските партнерства со институциите за микрофинанисирање.

Соговорниците се согласија за нужноста од стратешки пристап кон домувањето за да се намали, па и спречи егзодусот на најквалификуваниот кадар, како неспорен и докажан промотор на иновации и главен носител на развојот во сите средини.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Халид Бешлиќ ќе биде погребан покрај Кемал Монтено- не му се исполни желбата да снимат дует

Следно

Официјално: Салах го однесе Египет на СП 2026!

Latest from Blog

Мемоарите на Ози Озборн откриваат: Метју Пери доаѓал во неговата куќа на состаноци на анонимни алкохоличари

Актерот, најпознат по улогата на Чендлер Бинг во хит-ситкомот „Пријатели“, беше пронајден мртов во џакузи во неговиот дом во Лос Анџелес на 28 октомври 2023 година. Неговата смрт на 54-годишна возраст се

Баба проголтала осум живи жаби, па завршила во болница- докторите останале занемени

Постарата жена, позната само по презимето Жанг, рекла дека се водела од народното верување дека јадењето живи жаби може да помогне во лекувањето на болката предизвикана од дискус хернија, објави британски Телеграф.

Шпанската полиција разби една од најголемите мрежи за трговија со кокаин во светот: Пронајдени 10 килограми дрога

Шпанската полиција во среда соопшти дека разбила една од најголемите мрежи за трговија со кокаин во светот, запленувајќи 10 тони дрога и апсејќи пет осомничени во заедничка операција. Полицијата соопшти дека седум

Совети за поцврста врска

Односите меѓу двајца треба да бидат безбедно место каде што партнерите ќе може да ги споделат своите замисли, соништа, љубов, ранливост. Но, кога има постојани конфликти, недоразбирања или емоционална оддалеченост, темелите на
Go toTop