Тројца повредени во пукотница во Тел Авив

March 10, 2023
1 min read

ТЕЛ АВИВ (АА) – Најмалку три лица се повредени во пукање во центарот на Тел Авив, каде синоќа се одржаа масовни протести поради планот на израелската влада за реформи во судството, јавува Анадолу.

Израелската полиција соопшти дека на улицата Дизенгоф во центарот на Тел Авив се случил вооружен напад. Се наведува дека полицајците го неутрализирале напаѓачот, кој отворил оган врз пешаците што се движеле по улицата и ранил три лица.

Здравствената состојба на еден од повредените е тешка, додека другите двајца се полесно повредени, информираше полицијата.

Во соопштението на израелската служба за итна помош, се наведува дека здравствените работници им укажале прва помош на повредените, а потоа биле префрлени во болницата „Ичилов“.

Во Израел од вчера се одржуваат масовни протести ширум земјата, особено во Тел Авив, во знак на протест против планот на израелската влада за реформи во судството, што опозицијата го смета за обид за намалување на овластувањата на судските власти во корист на извршната власт.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Видео: Кристијано Роналдо полуде – Од трибините ечеше „Меси, Меси“…

Следно

На скопските улици има над 1.500 диви таксисти – се бара решение од Град Скопје

Latest from Blog

Маѓар: Унгарија ќе ги почитува налозите на МКС, вклучително и за Нетанјаху

 Победникот на парламентарните избори и следен премиер на Унгарија Петер Маѓар изјави дека неговата земја повторно ќе се приклучи кон Меѓународниот кривичен суд (МКС) и ќе биде подготвена да ги спроведува налозите за

Нема да има повторно судење за „27 април“, Апелација го одби барањето на осудените

Пропадна и последната надеж на осудените за „27 април“ за повторување на кривичната постапка, односно да им се суди повторно, бидејќи Апелациониот суд донесе одлука со која пресекува да не им се

Македонско друштво “Илинден”-Тирана ја поздравува денешната акција на албанската полиција во општина Булќиза, при што беа уапсени функционери инволвирани во издавање лажни потврди за бугарско потекло

Македонско друштво “Илинден”-Тирана ја поздравува денешната акција на полицијата во општина Булќиза, при што беа уапсени функционери инволвирани во издавање лажни потврди за бугарско потекло во административната единица Острени, областа Голо Брдо.
Go toTop