Нема да има повторно судење за „27 април“, Апелација го одби барањето на осудените

April 20, 2026
1 min read

Пропадна и последната надеж на осудените за „27 април“ за повторување на кривичната постапка, односно да им се суди повторно, бидејќи Апелациониот суд донесе одлука со која пресекува да не им се прифати барањето.

-Жалбата е неоснована. Судиот го ценеше жабениот наод за сторена суштествена повреда на одредбите на кривичната постапка од член 415 ст.1 т.11 од ЗКП, меѓутоа истиот не го прифати како основан, со оглед да образложеноро решението не содржи такви недсостатоци поради кои што не би можело да биде испитано во однос на неговата правилност и законитост, изреката на решението е јасна и разбирлива, а во образложението се содржани доволно причини за решителните факти и завземени правни ставови на судот, се вели во одлуката на Апелациониот суд.

Со ваквата одлука Апелација го потврдува решението на Кривичниот суд донесено на 15.12.2025 година, со кое исто така се одлучува дека нема законски простор за повторување на постапката.

-Судот правилно оценил дека изнесените факти не се подобни да причинат ослободување на лицето што било осудено или негова осуда по поблаг кривичен закон…Советот не може да се впушти во оценување дали во конкретниот случај од страна на судијата или јавниот обвинител се сторени кривични дела кои се застарени, како и тоа дали исказот на загрозениот сведок бил лажен, се наведува во одлуката.

Обвинетите во неколку наврати најавуваа дека ќе бараат повторување на судењето и дека не сакаат амнестија.

-Тие луѓе не бараат амнестија, тие бараат правда. Јас сум прв кој се залага за правда, но тоа е надлежност на обвинителството, судовите, велеше премиерот Христијан Мицкоски на почетокот на мандатот.

Во врска со упадот во Собранието, во затвор се 16 лица, правосилно осудени на казни од 7 до 16 години затвор за делото „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“. Највисока казна од 16 години доби Митко Чавков, поранешен директор на Бирото за јавна безбедност, кој тогаш имаше „златна команда“ за протестите пред Собранието.

Дел од обвинетите во случајот добија амнестија со законот кој беше донесен во Собранието кон крајот на 2018-та, односно пратеници од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски и Јохан Тарчуловски, од кои тројца гласаа за промена на името на државата.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Македонско друштво “Илинден”-Тирана ја поздравува денешната акција на албанската полиција во општина Булќиза, при што беа уапсени функционери инволвирани во издавање лажни потврди за бугарско потекло

Следно

Маѓар: Унгарија ќе ги почитува налозите на МКС, вклучително и за Нетанјаху

Latest from Blog

ЕВН: Набавката на броила поминала низ утврдена постапка и проверка на сите критериуми

Во однос на самата постапка, од ЕВН Македонија нагласуваат дека набавката била спроведена согласно законските прописи и однапред утврдените процедури. „ЕВН Македонија ја спроведе постапката за набавка на броила во целосна согласност

По пукањето во Маниса приведени малолетникот, неговите родители и дедо му – 11 се ранети

Гурлек соопшти дека малолетникот кој пукал пред училиштето е приведен, како и неговите родители и дедо му. Инцидентот се случил околу 8 часот наутро по локално време во градот Тургутлу, во близина

Димитриеска-Кочоска во Њујорк на форум за растот и иднината на новата економија

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска во Њујорк ќе учествува на работната сесија „Поттикнување на растот во новата економија“, во рамки на Sustainable Development Impact Meetings 2026, организирани од Светскиот економски форум.

Проданоски со австралискиот амбасадор: Фокус на инвестиции, економска соработка и нови проекти

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска остварил средба со амбасадорот на Австралија во Република Србија, со акредитација и за Македонија, Питер Трасвел, почесниот конзул и претставници на Амбасадата на Австралија. На
Go toTop