На скопските улици има над 1.500 диви таксисти – се бара решение од Град Скопје

1 min read

Групацијата на авто-такси превозници имаат писмо до градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска за решавање на проблемите со кои се соочуваат таксистите.

Веќе со години владее хаос во такси превозот во главниот град, а првиот човек на групацијата, Сашо Рајчановски побара решение на проблемите.

Рајчановски вели дека таксистите немаат долгови кон град Скопје, но имаат проблеми со издавањето на лиценци.

Според него, многу таксисти возат без лиценца, а има и такви кои се лиценцирани, но без фискални таксиметри или со диво наштелувани таксиметри.

Низ скопските улици има над 1.500 диви таксисти, а со решавање на овој проблем, се очекува намалување на бројот на невработени во Агенцијата за вработување, но и полнење на буџетот на Македонија со околу 200.000 евра месечно.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

Претходно

Тројца повредени во пукотница во Тел Авив

Следно

(ФОТО) Напаѓачот од Хамбург е мртов – бил поранешен член на Јеховините сведоци

Latest from Blog