Вучиќ за дијалогот со Косово: Не ми паѓа на памет да потпишам капитулација  

March 9, 2023
3 mins read

Српскиот претседател вели дека Белград е подготвен на многу компромиси, но оцени дека од другата косовска страна нема да биде направено ништо за напредок во процесот, истакнувајќи оти е сигурен дека премиерот на Косово е решен да не ја формира Заедницата на српските општини (ЗСО)

Србија нема да се согласи или да молчи во врска со прашањето за влез на Приштина во Обединетите нации (ОН), ниту ќе ја признае  независноста на Косово, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ. 

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ/Фото: EPA-EFE/NEMANJA JOVANOVIC

Во гостување на ТВ Хепи, Вучиќ рече дека граѓаните на Србија мора да знаат оти не му паѓа на памет „да ја потпише капитулацијата“ и дека никој не знае подобро од него каков е европскиот план. 

Луѓето во Србија, посочи тој, треба да знаат дека никој од државниот врв на земјата не напишал никаков план, туку дека тоа го напишале западните сили.  

„Објаснив дека планот е лош, но мора да ги разбереме околностите, затоа што треба да останеме во преговорите“,

истакна Вучиќ, пренесува РТС. 

Тој рече дека нема да има капитулација или предавање. 

Вучиќ вели дека Србија е подготвена на многу компромиси, но оцени дека од другата, односно од косовска страна нема да биде направено ништо.  

Во тој контекст српскиот претседател изјави дека за време на денешната посета на претставникот на Европската Унија, Мирослав Лајчак на Приштина и разговорите со тамошниот врв речиси немало напредок.  

 „Мирослав Лајчак денеска беше во Приштина, таму речиси и не беше постигнат напредок, сега станува збор за различни толкувања, но сигурен сум дека (Албин) Курти е решен да не ја формира Заедницата на српски општини (ЗСО) и дека му е лесно тоа да го направи покажува и денешната одлука за укинување на визите за граѓаните на таканареченото Косово“,

рече Вучиќ. 

Во врска со визите тој рече дека Србија нема ништо против нивното укинување и дека треба да се радува на таа одлука, но, она што е проблематично, според него е моментот во кој тоа се случува.  

„Моментот во кој тоа се случува покажува дека тие не само што не се подготвени да вршат притисок, туку го охрабруваат Курти да продолжи со политиката на неисполнување на обврските“,

рече Вучиќ. 

Српскиот претседател рече дека Лајчак доаѓа во Белград в понеделник и дека ќе остане до среда. 

Ќе имаме една 30-минутна средба, а потоа де факто ќе поминам два дена со него работејќи и обидувајќи се да најдеме каков таков пат заза нормализација на односите“, рече српскиот претседател.  

Претставникот на Европската Унија (ЕУ) во дијалог меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак, денеска во Приштина имаше средби со претседателката на Косово, Вјоса Османи и со премиерот Албин Курти.  

Дводневната посета на Приштина, а потоа и најавениот престој на Лајчак во Белград се дел од подготовките за новата рунда од дијалогот на највисоко политичко ниво меѓу двете земји. 

Претседателката на Косово, по средбата, повтори дека Приштина останува посветена на процесот што придонесува за долгорочен мир, безбедност и одржлив просперитет на регионот.

Косовскиот премиер на состанокот со Лајчак изразил подготвеност да го потпише предлогот за нормализација на односите со Србија на средбата што треба да се одржи на 18 март во Охрид.  

„Тој (Курти) изрази очекување дека Европската Унија со својот официјален потпис на следниот состанок ќе работи на успешно завршување на процесот со договорот за нормализација“,

се вели во соопштението од кабинетот на премиерот, пренесе РСЕ. 

 Во меѓувреме, Лајчак за медиумите изјави дека имал „конструктивна, важна и многу плодна“ средба со Курти. 

Премиерот на Косово, Албин Курти, и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на 27 февруари во Брисел изразија согласност да ги продолжат разговорите во рамките на предлогот на ЕУ за нормализација на односите.   

Сега следува креирање на патоказот за негово спроведување, а разговорите на таа тема ќе се одржат на 18 март во Охрид. 

Европскиот предлог, кој има поддршка од западните земји, се состои од единаесет точки и има за цел да ги реши разликите меѓу двете страни.  

Во него експлицитно не се споменува меѓусебно признавање, но во членот 2 се вели дека страните мора да ги почитуваат независноста, автономијата и територијалниот интегритет, правото на самоопределување, заштитата на човековите права и недискриминацијата.  

Се предвидува посебен аранжман за српската заедница во Косово, гаранции за Српската православна црква и признавање на државните симболи, царинските печати, регистарските таблички и дипломите. 

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

80 ГОДИНИ БИТОЛСКО ПАРТИЗАНСКО СЕМЕЈСТВО ЧУВАЛО КАКО АМАНЕТ СЛИКИ НА ЕВРЕЈСКИ УМЕТНИК, МУ ГИ ПРЕДАДЕ НА НЕГОВИ ИЗРАЕЛСКИ РОДИНИ

Следно

ФОТО: Вооружен напад во Хамбург, најмалку шестмина загинати

Latest from Blog

Атлетико Мадрид нов лидер во Шпанија

удбалерите на Атлетико Мадрид ја совладаа синоќа Барселона на гостински терен со 2-1 и со оваа победа се искачија на врвот на шпанската Ла Лига со три бода повеќе и натпревар помалку

Дурмиши: Не треба да се укине „недела неработен ден“, но некои дејности треба да се ослободат

Не треба да се укине „недела неработен ден“, но некои дејности треба да се ослободат, вели министерот за економија и труд Бесар Дурмиши. Дурмиши, во неделното интервју на Радио Слободна Европа, посочува

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози и наместа со остатоци од кашест снег на коловозот. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини
Go toTop