Туркије ги продолжува разговорите со ОН, Украина и Русија за продолжување на договорот за жито

March 9, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Турскиот министер за национална одбрана, Хулуси Акар, изјави дека Туркије вложува напори да ја продолжи црноморската Иницијатива за жито, чие времетраење треба да истече на 18 март, јавува Анадолу.

Договорот обезбедува безбеден премин на житарки и други суштински артикли преку украинските пристаништа на Црното Море, спречувајќи глобална криза со храна.

Акар рече дека досега најмалку 790 бродови натоварени со жито ги напуштиле украинските пристаништа со речиси 23,5 милиони тони жито.

Минатиот јули, Туркије, ОН, Русија и Украина потпишаа договор во Истанбул за обновување на извозот на жито од три украински пристаништа на Црното Море, што беше прекинат по почетокот на руско-украинската војна во февруари 2022 година.

„Ги продолжуваме нашите преговори со ОН, Украина и Русија, кои се страни во Иницијативата за жито. Украина изрази позитивно мислење за второто продолжување на Иницијативата. Слично на тоа, Русија има позитивен став кон продолжувањето на Иницијативата. Ние исто така, се надеваме и очекуваме дека Иницијативата за жито ќе продолжи со придонесот на сите страни. Продолжуваме со нашите напори во оваа насока“, рече Акар.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Уапсен измамник за издржување на двегодишна затворска казна

Следно

Османи се сретна со Џачка и Дачиќ на маргините на Балканскиот форум во Будимпешта

Latest from Blog

Монстер трак се заби во толпа во Колумбија: Тројца мртви, 38 повредени (ВИДЕО)

Полицијата верува дека сопирачките на возилото откажале за време на претставата што се одржа вчера во градот Попајан во регионот Каука. Снимките од инцидентот покажуваат луѓе како бегаат додека возилото се удира

БИТОЛА СО ФОКУС НА БИЗНИСОТ: Коњановски го истакна значењето на претприемништвото за развој на градот

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денеска имаше поздравно обраќање на Факултетот за информатички и комуникациски технологии при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, по повод почетокот на претприемачката недела насловена „Се
Go toTop