Потребни ли му се на Скопје пунктови за рентање на велосипеди и тротинети?

March 9, 2023
1 min read

Иако се декларира како вело град во Скопје нема пунктови каде се изнајми велосипед или пак електичен тротинет. 

Ваква идеја имаше пред неколку години, но остана само декларативна заложба на дел од надлежните. 

Иако градските власти го промовираат велосипедот како средство за превоз на граѓаните, се градат велосипедски патеки и поголемиот број општини доделуваат субвенции за купување велосипеди и/или тротинети, пунктови за изнајмување нема.

Еден твитеџија најави дека е на план да реализира ваков бизнис во Скопје. 

Останува да видиме дали и кога ќе се реализира оваа идеја која несомнено му е потребна на Скопје. Едноставно, оној кој има желба да вози велоспед и/или тротинет, а не е во можност да си купи, да си изнајми по соодветна цена.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицотакис: Сите сме виновни, не треба да се скриеме зад човечка грешка

Следно

Во Драмски театар Скопје почнаа пробите за комедијата „Кафез кај кокони“

Latest from Blog

Проданоски: Детските насмевки се најголемата победа на велосипедската трка

Над 200 деца учествуваа на „Ептен мини детската велосипедска трка“, која денеска се одржа на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп. Најмладите велосипедисти возеа со поддршка од родителите и најблиските, проследени со аплаузи

Општина Битола: Училиштата добиваат обновени терени, продолжува изградбата на спортските сали

Изградбата и реконструкцијата на 24 училишни спортски терени и четири типски спортски сали ја одбележуваат годинава во Битола, информираат од Општината. Дел од проектите се завршени, додека останатите се во фаза на

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30
Go toTop