Владата по спроведувањето на Локалните избори ќе ги соопшти мерките за запирање на превисоките цени на становите во Скопје, но и во неколку други центри во државата. Фокусот е ставен на младите полесно да си обезбедат живелиште, изјави вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски кој денеска во Штип одговараше на новинарско прашање, кои мерки и олеснувањата ќе се преземат за да се намали цената на становите. Николоски истакна дека нема економска логика за тоа што се случува.
– Јас познавам многу што продаваат, а малку коишто купиле по таа цена. Мора да се спуштаат цените, превисоки се. Секако ние тука се обидуваме да помогнеме. Најголем фокус е кон младите. Затоа што, тие се оние на коишто им треба живеалиште, особено оние кои првпат купуваат куќа или стан и во таа насока е поддршката, а ќе има и други мерки. Сега сме во изборен период и согласно ограничувањата на Државната комисија за спречување на корупција не може сите да ги презентираме, дел ќе ги презентираме по завршување на изборите, кои ќе бидат во насока на регулирање на цената и овозможување на младите многу полесно да си купат стан или куќа, вели Николовски.
Тој додаде дека Штип може да стане еден центар за изградба на поголем број на станови и куќи, за што има интерес од Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор, како и од приватни инвеститори.
Извор: kurir.mk